Врз основа на член 51 алинеја 12, а во врска со член 52 став 2 од Статутот на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија Бр. 01-90/5 од 19.10.2024 година и Правилникот за работа на Комисиите во ФПСМ Бр.01-44/3 од 29.04.2021, Претседателството на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија на ден 25.11.2025 година донесе
ПРАВИЛНИК НА КОМИСИЈАТА ЗА ПЛАНИНАРСКИ ПАТЕКИ
- ПРЕЛИМИНАРНИ ОДРЕДБИ
Член 1
(Одредбите за деловникот)
- Правилникот на Комисијата за планинарски патеки (во натамошниот текст: KПП) ги регулира односите на KПП и Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (во натамошниот текст: ФПСМ) за обуката, организацијата и работењето на маркацистите на ФПСМ, ги поставува нивните права и обврски и ги регулира функциите, финансиското и материјално работење во рамките на ФПСМ.
Со Правилникот на Комисијата за планинарски патеки (во натамошниот текст: КПП) при Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (во натамошниот текст:ФПСМ) се уредува организацијата и делокругот на работа на КПП, организацијата, правата и обврските и стручното оспособување на маркацистите, соработката на Комисијата со планинарските клубови и општинските/градски планинарски сојузи.
Член 2
(Комисија за планинарски патеки)
- KПП е стручно тело на ФПСМ наведени во член 52, од Статутот на ФПСМ, што упатува, координира и ги промовира активностите во областа на планинарските патеки. Таа работи во согласност со одредбите на овој правилник, Статутот на ФПСМ и Кодексот на честа на македонските планинари и Законот за планински патеки (во понатамошниот текст: ЗПлП).
Основна дејност на КПП е стручна и советодавна дејност и грижа за планинарските патеки во согласност со Статутот на ФПСМ и општите принципи за заштита на природата и животната средина.
КПП ги промовира, насочува и координира активностите во областа на планинарските патеки, ја поттикнува и подобрува маркациската активност на планинарските клубови членови на ФПСМ , соработува со Комисијата за планинарски водичи, Комисијата за животна средина и другите комисии и тела во ФПСМ, во координација со ФПСМ соработува со Управите на Националните паркови и други заштитени подрачја , Македонски шуми, локални и туристички заедници и др.., се со цел да се обезбеди планинарските патеки да се добро одржувани и безбедни за сите нивни корисници.
Член 3
(Ознаки и печат на КПП)
- Знакот на КПП е круг. Во жолт прстен поставен Кнефелцовата ознака со напис во црвениот прстен во горната половина МАРКАЦИСТ, а во долниот црвен прстен КПП ФПСМ, натпис со жолта боја.
- Знакот на маркацист на ФПСМ (во понатамошниот текст маркацист е сферична форма. Во жолт прстен е поставена Кнефелцовата ознака, со напис во црвениот прстен во горната половина МАРКАЦИСТ, а во долниот црвен прстен ФПСМ, натписи со жолта боја.
- Знакот на инструктор маркацист на ФПСМ (во понатамошниот текст инструктор) има ист знак како маркацистот само до кругот се поставува издолжен правоаголник со жолти рабови и жолт натпис инструктор натпис на сива позадина.
- Начинот и носењето на знаците е регулирано со правилник.
- Користењето на сите знакови мора да бидат во согласност со ФПСМ.
- Во правниот промет се користи печатот на ФПСМ.
Член 4
(Работа на КПП)
- Предмет на дејност на KПП е уредување и маркирање на планинарските патеки, според Законот за планински патеки и Правилник за начинот на сигнализација и маркација формата и содржината на сигнализација и маркација на планинските патеки и Прирачникот за маркацисти од ФПСМ.
- Основната цел на планинарските патеки, е безбедно движење на планинарите и други корисници по планинарските патеки.
- Планинарската патека, маркацијата, патоказите, информативните панели и табли, заштитните градби (мостови,скалила,сајли и друго) , уредени видиковци , печат и книги за запишување, природни и вештачки засолништа, уредени објекти за вода (чешми, бунари, извори итн.) се од јавен интерес и претставуваат јавна инфраструктура како што е предвидена и заштитена со ЗПлП.
II МАРКАЦИСТ И ИНСТРУКТОР МАРКАЦИСТ ФПСМ
Член 5
(Маркацист и Инструктор ФПСМ)
- Маркацист“ е стручно оспособено лице, член во планинарски клуб (во натамошниот текст ПК ) и ФПСМ, кое завршило обука за планирање, трасирање, изградба ,уредување, бележење, чување и одржување на планинарски патеки , со положен испит и поседува сертификат издаден од ФПСМ со звање “Поставувач на рекреативно-планинарски патеки – маркацист“ ( во натамошниот текст Маркацист).
- Инструктор маркацист е додатно квалификуван маркацист, кој организира и води акции на планинарски патеки кои бараат повеќе дејствија за нивна изградба и одржување и работи во областа на образованието за маркацисти, како што е утврдено во член
Член 6
(Обука)
(1) Обуката за маркацист и инструктор се спроведува по програма, одобрена од страна на Центарот за стручно оспособување при ФПСМ (во понатамошниот текст ЦСО) и утврдена со регулатива за професионална обука во областа на планинарскиот спорт – дејност маркацист и инструктор маркацист ФПСМ.
(2) Обуката врз основа на одредбите од претходниот став се врши од страна на инструктори маркацисти и инструктори – експерти во определени области.
Член 7
(Услови за маркацист / инструктор)
- Маркацист може да биде секој полнолетен член на ПК, кој ги исполнува условите:
- да има морални квалитети и работни способности како маркацист ФПСМ,
- има најмалку IV степен на образование
- има успешно завршено обука за маркацисти,
- во период од 1 година од завршување на обуката да има изработено и позитивно оценети од КПП три елаборати за планинарски патеки.
- Инструктор може да биде секој маркацист кој ги исполнува следниве услови:
- да ја прифати работата како инструктор маркацист при ФПСМ,
- како маркацист, најмалку 3 години успешно да работи во делот на планинарските патеки или во одделенијата за планинарски патеки при ПК или во КПП,
- има најмалку IV степен на образование,
- успешно завршил обука за инструктор маркацист,
- во период од 1 година да изработи и достави семинарска работа и позитивно оценета од КПП.
Член 8
(приправник маркацист)
- Статус на приправник маракцист трае во периодот по успешно завршување на обуката до завршување на три елаборати за планинарски патеки и нивно позитивно отценување од КПП.
- По завршувањето на приправништвото се стекнува со назив маркацист и добива значка маркацист со регистрирана картичка во ЦСО ФПСМ.
- Кандидатот може да имаат статус на приправник најмногу две години, по кое Комисијата носи одлука со кое се прекинува статустот и се прекинува натамошната обука на кандидатот.
Член 9
(приправник инструктор )
- Статус на приправник Инстурктор трае во периодот по успешно завршување на обуката до завршување на семинарската работа и позитивно отценување од КПП.
- По успешното завршувањето на приправништвото се стекнува со Сертификат со назив инструктор маркацист и добива значка инструкрот и се регистрира како стручен член во ЦСО – ФПСМ
- Кандидатот може да имаат статус на приправник инструктор најмногу една година, по кое Комисијата носи одлука со кое се прекинува статустот и се прекинува натамошниот процес.
Член 10
(значка, картичка, евиденција)
- Назив, картица и значка доделена од КПП.
- Значката за маркацист е со кружна форма со пречник од 3,5 см. Основа е сребреносива боја, што ги претставува планините. Во средината на кругот е Кнефелцовиот знак. На горниот дел од значката има натпис МАРКАЦИСТ со жолти букви, на долниот дел има натпис ФПСМ, помеѓу зборовите и буквите има точки. Секоја значка е нумерирана на задната страна со регистарскиот број на маркацистот.
- Значката и картичката за стручен член на ФПСМ, не се преносливи.
- Стручната служба на ЦСО – ФПСМ, води реегистар на маркацисти и издадени нумерирани значки и регистар на инструктори маркацисти.
Член 11
(Регистрација на маркацист)
- Врз основа на член 6, алинеа 1, маркацистот најдоцна до 31 јануари во тековната година треба да поднесува извештај за својата работа во текот на изминатата година и на секои пет (5) години направи обнова на лиценццата со посета на семинари за обнова на лиценци во органзација на КПП.
- Извештајот и обуката за маркацист од претходниот став, е предуслов за годишна регистрација на маркацистот и правата кои произлегуваат од неа.
- инструкторот, задолжително за својата регистрација, до 31 јануари треба да поднесат извештај за својата работа во изминатата година и активно да учествуваат во најмалку десет (10) акции или е дел од подготовка на обука во рок од пет (5) години.
- Маркацист и инструктор, се потврдува со планинарска книшка и заверена картичка Маркацист, потврдена од ЦСО – ФПСМ, по успешно завршување на лиценцирање за период од 5 (пет) години, кој се запишува од годината, кога лиценцата е валидна.
- Маркацистот одговара пред началникот на КПП.
- Маркацистот треба да направи обнова на лиценцата најдоцна во годината до кога е важноста на лиценцата.
- Врз основа на исполнување на условите утврдени во ставот 3 на овој член, ЦСО – ФПСМ ја потврдува картичката инструктор за период од пет (5) години, со впишана последна година, до кога е важноста на лиценцата.
Член 12
(Должности на маркацистот)
(1) Должности на маркацистот се да:
- учествуваат во обележување, уредување и одржување на планинарските патеки организирани од матичниот планинарски клуб или општинскиот/градскиот сојуз или од ФПСМ ,
- ги почитува правилата за обележување на планинските патеки пропишани со Законот за планински патеки, Правилниците и Прирачникот за маркацисти од ФПСМ,
- со својот матичен планинарски клуб како домаќин на планинарска патека учествува и се грижи за правилно одржување на планинарските патеки,
- за својата работа веднаш го информира раководителот на одделот во матичниот клуб и го известува за било какви недостатоци на патеката,
- предлага да се затвори дел од патеката, ако станува опасно за корисниците ,
- се грижи на алатот, средствата за лична безбедност и другите помагала за работа на планинарските патеки и нивно соодветно одржување,
- нимава при работа со своите постапки да не предизвика штета на приватни и јавни добра, на организаторот на акцијата или на корисниците на планинарските патеки ,
- се грижи за заштита на природата и отстранување на еколошкиот отпад за време и по секоја акција,
- ја носи картичката за маркацист при секое учество во акции за маркирање,
- во рок од пет години да бидат активни на најмалку десет (5) акции,
- до 31 јануари да поднесат извештај за своите активности за претходната година,
- на секои пет (5) години мора да поминат обука за обнова на лиценца за професионална работа на планинарските патеки, одобрена од страна на надлежниот орган на ЦСО – ФПСМ и да добие заверена картичка после завршената обука,
- врши и други работи во согласност со овој Правилник и одлуките на органите во матичниот ПК и КПП.
Член 13
(Должности на инструктор)
(1) Должностите на инструкторот се да:
- предлага, планира, организира и учествува во обука на маркацисти,
- предлага унапредување на стручното усовршување на маркацистите со воведување посовремени техники и методи на работа и развива нови програми за основна и дополнителна едукација на маркацистите,
- води акции на потешки и проблематични патеки или во високите делови од планината,
- врши увид и проценка на планинарски патеки и доставува извештај за своите наоди до претседателот на КПП,
- постојано ги развива своите способности и го проширува своето професионално знаење
- помога на поединци во ПК со совети и предлози,
- помага на членовите на претседателството во ФПСМ во извршувањето на нивните должности,
- превзема водење на планинарските одсеци во КПП,
- врши и други обврски во согласност со овие Правила и другите акти на ФПСМ.
Член 14
(Права на маркацистот и инструкторите)
(1) Права на маркацист и инструкторот се да:
- ги подржуваат членовите, делегатите и ги назначува за организацијата на маркацисти,
- дава предлози и сугестии за работа на маркацистите,
- да добијат надоместокот за материјалните трошоци за работа, за превоз и ноќевање при уредување на планинарски патеки врз основа на договорот во матичниот клуб или со организаторот на акцијата,
- да користат заштитна опрема при работа во зависност од условите во акцијата,
- да е осигуран за изведување на акции од несреќи и одговорност,
- да се вклучени во работата и активноста на КПП, во прибирање податоци за планинарски патеки, снимање на патеките и контролни точки, внесување на проверени податоци во дигитални топогравски карти;
- други права во согласност со овие Правила и другите акти на ФПСМ.
Член 15
(прекршоци на маркацист)
- Маркацистот одговара пред матичниот планинарски клуб и КПП . Мора да се постапува во согласност со правилата кои се применуваат во ПК , Статутот на ФПСМ и другите акти на планинарската организација.
- КПП може на маркацистот и инстуркторот да им го одземи нивниот статус и да ги избрише од регистарот на маркацисти и регистарот на инструктори во случај на сериозни прекршувања на актите кои ја дефинираат нивната работа: неактивност, неоправдано неучествување во акциите, непочитување на Кодексот на честа и другите акти на ФПСМ, како и поради повреда на законските прописи за уредување и маркирање на планинските патеки.
- Маркацистот и инструкторот може да ја изгуби лиценцата, доколку не ги исполнува условите од ставовите 1 , 2 и 3 на член
Член 16
(постојан мандат)
(1) Маркацист кој поради старост или болест не може повеќе да бидат активно вклучени во акциите, може трајно да ја носи значката маркацист, како знак на признание за неговата работа во последните години.
Член 17
(Организација на маркацисти)
(1) Маркацистот организациски е поврзан во:
а) Одделение за планинарски патеки во ПК и
б) Комисијата на планинарски патеки во ФПСМ.
III. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПЛАНИНАРСКИ ПАТЕКИ ВО ПЛАНИНАРСКИТЕ КЛУБОВИ
Член 18
(одделение)
- Одделение за планинарски патеки во ПК, е основен облик на организирање и функционирање на маркацистите.
- Оделението за планинарски патеки го сочинуваат сертифицирани и регистрирани инстуктори маркацисти , маркацисти и активни членови вклучени во уредување на планинарски патеки.
Член 19
(Задачи на одделението)
(1) Одделение за планинарски патеки:
а) води список и досие со детален опис за патеките за кој е домаќин ПК,
б) пред почетокот на сезоната, најмалку еднаш годишно, ги прегледува сите планински патеки во неговата област, ги одржува и по потреба ги уредува податоците и ги испраќа до КПП на пропишаниот образец,
в) ја проверуваа состојбата на кутиите на врвот, печатот,жигот и книгата за присутни и по потреба ги поправа
г) изготвува годишен план за работа и предлага финансиски план,
д) да се осигура дека одржувањето на планината патеки е во согласност со барањата на ЗПлП и општите принципи на заштита на природата и позициите на ФПСМ,
ѓ) да учествуваат во спроведувањето на програмата на КПП,
е) да мотивира и придобива нови членови во одделението,
ж) со своите членови учествуваат во организација на состанокот на КПП,
з) редовно поднесува извештај за работа до УО при ПК и КПП,
ѕ) врши и други работи во согласност со овие Правила и одлуките на УО при ПК и КПП.
и) соработуваат со другите оддели на ПК.
Член 20
(Должности на началникот)
- Одделението за планинарски патеки во ПК го води началник.
Началникот треба да е регистриран маркацист или инструктор маркацист .
- Функциите на началникот:
а) ја води и организира работата на одделението за планинарски патеки,
б) организира и спроведува активности на планинарските патеки во рамките на ПК,
в) се грижи за набавка на алат, средства за лична безбедност и други помагала за работа на планинарските патеки и нивно соодветно одржување,
г) води листа, датотеки на патеки, за кој е задолжено ПК,
д) води список на маркацисти и приправници и се грижи за нивната обука,
ѓ) изготвува извештај до администраторот (ПК) за работа на планинарските патеки и го доставува до КПП,
е) да се осигура дека маркацистот навремено го завршил извештајот за регистрација на маркацист на ФПСМ за тековната година и со изјавите го предаде до ЦСО – ФПСМ,
ж) врши и други работи во согласност со овие правила, одлуки на УО ПД и КПП.
IV КОМИСИЈА ЗА ПЛАНИНАРСКИ ПАТЕКИ
Член 21
(Состав на КПП)
КПП е стручно работно тело во ФПСМ.
- се состои од началник и четири (4) члена. Секој член е одговорна за одредено област.
- Членовите на КПП се началници на одделенијата за планинарски патеки во ПК или искусни членови на планинарски клубови кои се сертифицирани и регистрирани инструктори маркацисти или маркацисти при ФПСМ кои со своите активности во организацијата, уредувањето, одржувањето и чувањето на планинарските патеки се докажани дека се стручно квалификувани за реализирање на задачите во КПП и дека можат успешно да ги предводат марксистите.
- Со Комисијата раководи Началник избран од Претседателството на ФПСМ.
- Началникот ги предлага членовите на КПП од редот на истакнати и активни началници на одделенијата за планининарски патеки при ПК , инструктори маркацисти или маркацисти регистрирани при ФПСМ предложени од планинарските клубови.
- Во составот на КПП не може да биде било кој друг член на комисијата или од работните тела на ФПСМ. Посебни случаеви за учество во КПП, ги одобрува претседателството на ФПСМ по барање на претседателот на КПП.
- KПП се состанува по потреба.
- KПП има кворум кога присуствуваат најмалку половина од членовите и одлучува со мнозинство гласови од присутните членови (регистрирани маркацисти или инструктори).
- За реализација на програмата КПП може да формира специјализирани оддели во КПП.
Член 22
(Задачи на КПП)
(1) Задачи на KПП:
- ги спроведува одлуките на претседателството на ФПСМ,
- се грижа за изградба, обележување, чување и одржување на планинарските патеки;
- се грижи за поврзување на комисиите во ФПСМ и сродните организации во Република Северна Македонија и во странство, во согласност со принципите на меѓународната соработкана ФПСМ,
- насочува, координира и промовира активностите во областа на планинарските патеки, под услов да обезбедува услови за работа,
- во ЦСО-ФПСМ, одржува листа на маркацисти и инструктори маркацисти,
- предлага програма за обука на маркацисти и го дава да се потврди од ЦСО-ФПСМ,
- обезбедува обука за маркацисти и други стручни кадри, одговорни за безбедно одвивање на активностите,
- води програмата за едукација на курсевите, семинарите, предавањате и другите форми на обука за маркацисти и инструктори маркацисти во согласност со својата програма и програмата на ФПСМ,
- води евиденција на планинарските патеки,
- се грижи за одржувањето на планинарските патеки во согласност со општите принципи за заштита на природата и позициите на ФПСМ,
- одлучува или подготвува за претседателството на ФПСМ стручна документација за промени на патеките:
- по предлог на домаќинот одлучува за промени на правецот на планинарската патека,
- доколку има ново дизајнирана пешачка, планинарска или друг вид патека, во целост или делумно на постојните планинарски пат, домаќинот носителот на новата патеката, во прилог на другите документи треба да добие одобрение и согласност од домаќинините на другите постоечките, вкрстени или блиски планинарските патеки, согласност од KПП и да се потврди од претседателството на ФПСМ,
- одобрува целосно затварање на планинарска патека, во случај на пропусти или опасности на патеката, одлука за суспендирање оправдано поради ревитализација на природа, понатамошно некористење на патеката, повеќе природни промени на површината од одрони на камења, лавини … Согласност дава KПП и го дава на одобрување до претседателство на ФПСМ.
- издава значки и сертификати за поминати планинарски трансверзали ,искачени врвови,
- изготвува нацрт финансиски план за нивната област и се грижи за рационално користење на финансиските средства,
- одобрува програма за работа и активности, кои се организирани и управувани од страна на Одделот за технички прашања, врз основа на прелиминарен преглед и проценка на работите кои треба да се извршат на планината, во правец на создавање безбедни пешачки патека за корисници, првенствено во високите планини,
- ги именува и разрешува раководителите на одделите и другите постојани или повремени работни тела,
- објавување податоци и информации за планинарските патеки и трансверзали на веб-страницата на КПП во средствата за јавно информирање и електронските медиуми,
- го организира Националниот ден на планинарските патеки во Република Северна Македонија,
- организира еднаш годишно собир на регистрираните маркацисти и заеднички работен состанок со КПП,
- предлага маркацисти за доделување признанија од ФПСМ,
- врши други работи во согласност со овој правилник, Статутот на ФПСМ, ЗПлП и другите подзаконски акти во КПП и ФПСМ.
Член 23
(Должности на началникот на КПП)
- функциите на началникот:
а) ја претставува и застапува Комисијата во рамките на својот делокруг на работа,
б) ја води работата на Комисијата,
в) се грижи за соработката и поврзувањето помеѓу Комисиите во ФПСМ, во спроведувањето на заедничките задачи, соработува со слични организации во Македонија и во странство, во согласност со принципите на меѓународната соработка на ФПСМ, ускладено со претседателството на ФПСМ,
г) редовно учествува во работата на претседателството на ФПСМ и годишното Собрание на ФПСМ во правец на усвојување на активностите и финансиската програма,
д) е одговорен за наменско користење на финансиските средства.
- Началникот на Комисија има заменик во негово отсуство.
Член 24
(Стручен соработник)
- Комисијата, за вршење на стручни, административни и други професионални задачи одредува еден стручен соработник кој работно е вклучен во ЦСО-ФПСМ.
- Стручниот соработник и началникот на Комисијата, се должни да соработуваат во подготовката на материјалите и да делуваат во спроведувањето на програмските активности и контрола во работата на Комисијата. За таа цел, соработува со Генералниот секретар и сметководителот на ФПСМ.
Член 25
(Задачи на стручниот соработник)
(1) Стручниот соработник ги извршува должностите во согласност со неговите пропишани задачи:
а) да присуствува на состаноците на КПП и пишува записник, освен ако поинаку не е одредено,
б) редовно ги следи актуелните прашања во функционирањето на КПП, со посебен акцент на обуката на стручен кадар и за тоа го известува началникот на КПП,
в) подготвува, заедно со началникот на КПП, документација за состаноци и други стручни материјали,
г) врши административно-техничките работи потребни за КПП,
д) ги координира работите и води евиденција за стручните кадри (заедно со ЦСО-ФПСМ, води листа на приправници маркацисти, маркацисти и инструктори маркацисти), награди и архива на КПП,
ѓ) врши и други задачи по барање на КПП.
(2) Стручниот соработник е одговорна пред началникот на КПП и стручната слжба на ЦСО ФПСМ.
Член 26
(Стручни оддел)
(1) КПП може да ја олесни координацијата и спроведувањето на програмата со организирање стручни оддели.
Член 27
(Назначување на стручни комисии)
- Стручен оддел може да имаат најмалку три, а најмногу пет члена кои може и да не се членови на КПП.
- Членовите мора да се носители на лиценца од КПП.
- Раководителите на стручните комисии ги назначува КПП, по предлог на началникот на КПП.
- Раководителот на стручниот оддел е одговорен за развојот, консултантските услуги и професионалните задачи во нивното поле на делување и да учествува во работата на КПП.
Член 28
(1) (Постојаниот комитет)
- KПП има постојани стручни оддели за:
а) обука и документација
б) за технички прашања
в) за планинарски патеки и трансверзали.
(2) Оддел за обука и документација:
а) води список на инструктори и предавачи за одредени теми заедно со стручната служба на ЦСО-ФПСМ,
б) подготвува програми за едукација заедно со стручната служна на ЦСО-ФПСМ, помага во организирање на семинари за инструктори и предлага теми за понатамошно подобрување на лиценцата,
в) предлага носители за стручно оспособување,
г) спроведува обука за маркацисти и инструктори маркацисти,
д) води курсеви, семинари, предавања и други форми на обука за маркацисти и обука за членовите на стручните оддели,
ѓ) ја организира стручната литература и други стручни помагала за обука, потврдена од ЦСО-ФПСМ и од страна на KПП,
е) води список на патроли,
ж) води листа на издадени значки за изодени патеки, искачени врвови и сл,
з) ги собира годишните извештаи за планинарските патеки од стручните кадри и КПП,
ѕ) води документација за евиденција на планинарските патеки.
(3) Оддел за технички прашања:
а) да подготви план за одржување на планинарските патека, кој го дава на потврдување до КПП,
б) прегледува и оценува опрема која се користи за работа на исклучително тешки планинарски патеки и ја известува KПП,
в) организира посети за извршување мониторинг на превземени инфраструктурни зафати и превзема активност за поставување заштитни градби на планинарските патеки во согласност со техничките препораки во КПП,
г) да помага во подготовката на техничка документација за патеките,
д) организира активности за поправка на екстремно тешки патеки во планините и еколошка санација на патеките,
ѓ) предложената опрема, заштитните средства и друг алати кои се потребни за одржување на планинарските патеки, мора да биде одобрена од страна на КПП,
е) предложенана опрема, заштитни средства и другите додатоци потребни за безбедна работат на планините, мора да бидат во согласност со општите прописи за набавки во ФПСМ (понуди, цена и услуга).
(4) Оддел за трансверзали:
а) води список на трансверзали,
б) да предлага, поставува и се грижи за трансверзалите, според истите прописи и технички препораки во КПП и ФПСМ. Предлог документацијата ја носи КПП, а се одобрува за реализација од претседателството на ФПСМ.
в) подготвува годишни извештаи за трансверзалите и ги носи на одобрување пред КПП.
Член 29
(награди)
- КПП признание се доделува за значајни постигнувања и работа на планинарските патеки.
- Критериумите и начинот за доделување на награди се регулирани со Правилникот за признанија.
V. РАБОТНА ПРОГРАМА, ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ, ТРОШЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
Член 30
(Работа на КПП)
- KПП ги извршува своите активности во рамките на програмата за работа што се донесува за тековната година и за мандатниот период. На крајот на календарската година или на мандатот подготвува извештај за активностите и финансиски извештај.
- KПП, работи на принципот на домаќинско работење и совесност. Таа подготвува техничка и финансиска програма, кој на предлог на КПП, го одобрува претседателството на ФПСМ.
- Потписникот на сите документи во комисијата е началникот на КПП, кој е одговорен за точноста во работата и соодветната употреба на средствата. Во негово отсуство, соодветно го заменува неговиот заменик, како овластено лице.
- Стручниот асистент на Комисијата, е одговорен за подготовка и ускладување на финансиската-материјална документација, во согласност со програмата за работа и годишниот финансиски план, пред да биде одобрен од началникот на Комисијата и претседателството на ФПСМ.
VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 31
(Рок за исполнување)
(1) должности, функции, обемот на правата за гласање на останатите членови на комисијата и одделите до истекот на мандатот.
Член 32
(Влегување во сила)
(1) Овој Правилник влегува во сила од датумот на изгласување од страна на претседателството на ФПСМ. На тој датум, престанува да важи Правилникот на Комисијата за планинарски патеки усвоени 12.04.2012 од страна на претседателството на ФПСМ .
Симончо Симоновски Зоран Читкушев
Претседател на КПП Претседател на ФПСМ


