Светски ден на планината

 In Новости

ПОКАНА,

Почитувани,

ФПСМ, традиционално и оваа година се приклучува кон одбележување на,,Светскиот ден на планината,,.

ФПСМ се придружува кон одбележување на овај ден, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.

Оваа година, „Светскиот ден на планината“ ќе се одбележи на 08 декември 2019 година

За таа цел, имаме чест да Ве поканиме да бидете дел од овај настан, за да му дадеме поголемо значење на „Светскиот ден на планината“, во интерес да се создаде традиционален настан за подобар и поквалитетен живот за целата општествена заедница.

Програма:

Опција 1
Планинарска патека: Скопје – Водно – Матка (5 часа пешачење)
07.00 ч. Стартно место: ОУ Кочо Рацин (Обезбедени планинарски водичи)
Опција 2
Планинарска патека: Матка / Манастир Св. Богородица – Св. Спас – Св. Недела – Св. Андреа (3 часа пешачење)
09.30 ч. Стартно место: Манастир Св. Богородица, Матка (Обезбедени планинарски водичи)
Официјален дел од програмата
13.00 – 13.30 ч. Планинарски дом Матка, свечен собир и доделување на награди и признанија(Св. Андреа)
Гостите на настанот ќе можат да се освежат со планинарски чај во текот на целиот настан.
13.30 – 15.00 ч. Окрепување … планинарско гравче…, добро расположение и дружење.
15.00 ч. Довидување идната година

Напомена:

– Потребна опрема за еднодневно зимско планинарење и движење во природа,
– Учесниците треба да се во добра здравствена и психофизичка кондиција,
– Сите ученици на настанот треба да се членови или да се приклучат кон одреден планинарски клуб/друштво, организатор,
– Задолжително пријавување и доставување на листи од друштвата/клубови со водич на групата (во прилог),

– Организаторот го задржува правото за промена на програмата во зависност од временските услови.

ПРЕВЗЕМИ: ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Транспорт:

– Aвтобус на ЈСП во 08.45 ч. Број 60, Стартно место, Транспортен центар – Нова железничка станица до Матка.
14.40; 16.20 и 18.00 ч. Број 60, Матка – Транспортен центар – Нова железничка станица

– Aвтобус на ЈСП (бесплатетен бус, во организација на ФПСМ, означен):
08.15 ч. Стартно место, Транспортен центар – Нова железничка станица, Центар – рекорд, Капиштец – Треска, Влае, Сарај се до Матка.
15.15 / 15.30 ч. Матка – Транспортен центар – Нова железничка станица.

Повеќе информации на тел. 070 777 043 или contact@fpsm.org.mk

Со почит,
Претседател на ФПСМ
Проф. Д-р. Јовица Угриновски

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search