Соработка меѓу Општина Кочани и ФПСМ

Претседателот на ФПСМ, Зоран Читкушев заедно со претседателот  на комисијата за планинарски домови Александар Санев и членот од истата комисијата Тошо Антов, остварија средба со градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

На средбата беа разменети идеи за развојот на туризамот и можностите за соработка меѓу Општината Кочани и ФПСМ.

Беше изразена благодарноста кон градоначалникот на Кочани за реализираната помош во однос на обезбедување на простории за планинарското друштво Осогово од Кочани.

На состанокот беа разгледани и други прашања во однос на заедничките активности

Share This: