100 години од првото скијање во Македонија

 
Почитувани,
На 21-22 февруари 2026 година, на Љуботен, Шар Планина, ќе се организира настан посветен на 100 години од првото скијање во Македонија. Со овој настан, одбележуваме еден јубилеј, кој го најавува подоцна воспоставеното организирано скијање во Македонија. Во овој перод во градовите и околина на градовите Скопје, Тетово, Битола и Прилеп веќе се појавуваат првите спуштања со скии, но на 03.03.1926 година е направено првото спуштање со скии од повисок предел, поточно од врвот Љуботен, Шар Планина.
На настанот предвидени се два вида на активности, турно скијање и планинарење во зимски услови.
Планинарскиот Клуб „Љуботен“ и Комисијата за Турно Скијање при Федерацијата за Планинарство на Македонија Ве покануваат на настанот со следнава програма:
Сабота: 21 февруари 2026 година

• 12:00 – 16:00 часот – пристигнување во Планинарски Дом „Љуботен“ и сместување
• 18:00 – 19:00 часот – презентација за првото скијање кое се случило на Љуботен
• 19:00 – 21:00 часот – вечера

Недела: 22 февруари 2026 година
• 06:00 – 07:00 часот – будење и доручек
• 09:00 часот – тргнување на планинарската група кон врвот Љуботен
• 09:30 часот – тргнување на турно групата кон врвот Љуботен
• 11:30 – 12:00 часот – очекувано пристигнување на двете групи на врвот Љуботен и заедничка фотографија
• 12:00 часот – скијање од врвот Љуботен посветен на 100 годишницата од првото скијање во Македонија.
• 12:30 часот – тргнување на планинарската група кон домот „Љуботен“
• 14:00 часот – очекувано прстигнување на групите во планинарски дом „Љуботен“
• 14:00 – 15:00 часот – подготовка за симнување кон Старо Село и средување на домот
• 15:00 – 17:00 часот – симнување кон Старо Село
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
– Сите оние кои не се во можност да престојуваат во планинарскиот дом, ќе може да пристигнат во недела 22 февруари 2026 година до 09:00 часот.
– Подетални информации на долунаведените контакти
КОНТАКТИ
– Игор Стојановски – моб: +389 (0) 78 380 508
– Александар Димитриевски – моб: +389 (0) 78 736 884
– e-mail: kontakt@pkljuboten.org.mk
СМЕСТУВАЊЕ
● Обезбедено е ноќевање во:
– Планинарски дом „Љуботен“ по промотивна цена од 600 денари
– Сместувањето е ограничено, Ве молиме, навремено и најдоцна до 19.02.2026 г. да го пријавите Вашето учество, за да можеме да го организираме сместувањето. (за дополнителни информации Ви стоиме на располагање).
ПРИЈАВУВАЊЕ
• Пријавувањето за учество на турата може да се изврши со пополнување на формулар, на следниов линк:
најдоцна до 19.02.2026 г., до 18:00 часот.
● Учесниците кои се заинтересирани за сместување, покрај пополнување на формуларот треба дополнително да не исконтактираат телефонски на горенаведените контакти најдоцна до 19.02.2026 г., до 18:00 часот.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Настанот ќе биде обезбеден од Националниот сојуз за Планинско Спасување во кој ќе биде вклучена Планинско Спасителната Служба при Црвен Крст Охрид, кои ќе се грижат за безбедноста во текот на целата програма.
Напомена: Организаторите не одговараат за последиците кои би се случиле надвор од оваа програма, како и за учесници кои немаат пополнето формулар за пријава!
Сите формално непријавени друштва/клубови и учесници се смета дека не се дел од организацијата на „100 години од првото скијање на Шар Планина (Македонија)“.
Организаторите го задржуваат правото за промени во програмата во зависност од временските услови!
Федерација за Планинарство на С. Македонија
П.К. „Љуботен“ – Тетово

Share This:

Scroll to Top