Светскиот ден на планината – Матка 2021

 In Најава, Новости

Почитувани,

ФПСМ, Ве поканува на традиционалниот настан ,,Светскиот ден на планината,, кој оваа година се планира да се одбележи во недела на 05.12.2021 год. на Матка, Скопје.

За таа цел, имаме чест да Ве поканиме да бидете дел од овај настан, за да му дадеме поголемо значење на „Светскиот ден на планината“, во интерес да се одржи традиционалниот настан за подобар и поквалитетен живот за целата општествена заедница.

Програма:

Опција 1

Планинарска патека: 07.00 ч. Скопје – Водно – Матка

Опција 2

Планинарска патека: 09.30 ч. Матка / Манастир Св. Богородица – Св. Спас – Св. Недела – Св. Андреа

Официјален дел од програмата

13.00 – 15.00 ч. Планинарски дом Матка, доделување на признанија, окрепување …., добро расположение и дружење.

Напомена за учесниците на настанот:

– Придржување кон Протоколите кои произлегуваат од Планот за спречување на ширење на коронавирусот (… како … влез во ресторанот со сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид – 19 во последните 45 дена, носење на лична заштитна на лицето/маска, физичко растојание …)

– Потребна опрема за еднодневно зимско планинарење и движење во природа,

– Учесниците треба да се во добра здравствена и психофизичка кондиција,

– Сите ученици на настанот треба да се членови или да се приклучат кон одреден планинарски клуб/друштво, организатор,

Задолжително пријавување и доставување на листи од друштвата/клубови со водич на групата (во прилог),

lista-na-ucesnici-21

– Организаторот во координација со Медицинската комисија, го задржува правото за промена на програмата, во зависност од здравствената состојба во државата и временските услови.

Транспорт од Скопје до Матка:

Aвтобус на ЈСП (бесплатетен бус, во организација на ФПСМ, означен):

08.30 ч. Стартно место, Транспортен центар – Нова железничка станица, Центар – рекорд, Капиштец – Треска, Влае, Сарај се до Матка.

15.00 и 15.30 ч. Матка – Транспортен центар – Нова железничка станица.

Aвтобус на ЈСП во 08.45 ч. Број 60, Стартно место, Транспортен центар – Нова железничка станица до Матка.

14.40; 16.20 и 18.00 ч. Број 60, Матка – Транспортен центар – Нова железничка станица

Останете во добро здравје

Со почит,

Претседател на ФПСМ

Проф. Д-р. Јовица Угриновски

Share This:

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search