Потпишан договор за активности во рамки на Славков Проект

На 22 мај беше официјално потпишан договорот помеѓу #Австриската амбасада во Скопје и компанијата Одржливи Авантуристички Патувања за реализација на дел од активностите предвидени во проектот “Slavkov Project – Marking of Hiking Trails in North Macedonia”
Проектот претставува иницијатива поддржана од три дипломатски мисии, во Северна Македонија: Амбасадата на Словачка, Амбасадата на Чешка и Австриската амбасада, со цел унапредување на планинарската инфраструктура и развој на одржлив туризам. Трите дипломатски мисии настапуваат заедно преку иницијативата Славков формат (познат и како Аустерлиц формат) 🇦🇹 🇨🇿 🇸🇰  🇲🇰
Проектните задачи што ќе се спроведуваат со поддршка од Австриската амбасада, ќе бидат насочени кон планинарската патека од Попова Шапка до Титов Врв во рамките на Националниот парк Шар Планина, и ќе ги вклучуваат следниве активности во соработка со партнерите од Федерација на планинарство на С. Македонија:
-обновување на теренска и земјена маркација,
-поставување на информативни табли,
-работилници за локалното население на тема претприемништво во областа на одржливиот туризам 
Целта на проектот е да ги зајакне локалните заедници преку активно вклучување на населението во обезбедување услуги поврзани со активен туризам и зачувување на природното наследство. 

Share This:

Scroll to Top