Комисијата за планинарски водичи на Федерацијата за Планинарство на Северна Македонија, согласно член 2, став 4, алинеа 14 од “Правилник за работа на Комисијата за планинарски водичи и регулирање на водичката дејност при Федерацијата за
Планинарство на Северна Македонија” и “Програма за обука на планинарски водичи во летни услови во Федарацијата за планинаство на На Северна Македонија (А стандард)”, организира:
ОБУКА
за планинарски водичи во летни услови (А стандард)
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБУКАТА
Организатор на обуките за планинарски водичи во летни услови (А стандард), согласно стандардите на UIAA, е Комисијата за планинарски водичи (КПВ) во соработка со Центарот за стручно образование (ЦСО) при Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ). Изведувачи на обуката се стручни лица, ангажирани од ФПСМ.
ТЕК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
● ФПСМ објавува повик за организирање на обука за планинарски водичи во летни услови (А стандард).
● Заинтересираните се пријавуваат на обука за планинарски водичи во летни услови (А стандард) со документи кои се доставени во прилог (Пријава, преглед на акции и здравствена потврда).
● Документите за учество на обука за планинарски водичи во летни услови (А стандард), со потребните потписи и печати, треба да се испратат на адресата: Федерација за планинарство на Северна Македонија, Комисија за
планинарски водичи, 11-ти Октомври 42а, 1000, Скопје, Република Северна Македонија.
УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Условите за учество на обуката се наведени во продолжение на овој документ.
ТРОШОЦИ ЗА ОБУКАТА
Во цената за учество на обука за планинарски водичи во летни услови (А стандард) се вклучени: практични задачи, предавања преку интернет, подготовка на документи и вежби за изведба на обуката, повеќедневна теоретско– практична обука, завршен испит, ангажманот на стручните лица, изработка на потврди за учество на обуката, легитимации.
Во цената на обуката не се вклучени трошоците за превоз и сместување на кандидатите. Трошоците за учество на обуката треба да бидат подмирени 30 дена пред почетокот на обуката. ФПСМ има право да задржи 50% од вкупната сума за обуката, ако учесникот се откажал 20 дена пред почнување на обуката. За целосно изостанување од обуката КПВ одлучува врз основа на Изјава од пријавениот кандидат испратена до КПВ.
ОСНОВНА ЛИТЕРАТУРА
– Статут, правилници и документи на ФПСМ
– „Планинарење– Прирачник– Лето“, во издание на ФПСМ.
– „Основи на движење низ планина“, Бојан Полак, во издание на ФПСМ.
– „Медицинско санитарен прирачник за алпинисти и планинари“, проф. Д-р Јовица
Угриновски, во издание на ФПСМ.
– „Безбедно движење низ планините“, брошура во издание на ФПСМ.
А СТАНДАРД ( планинарење во летни услови )
Обуката овозможува стекнување на знаења и вештини неопходни за безбедно водење при летно планинарење. Содржината и опсегот на стандардот „Летна обука“ (А стандард) е регулиран со упатството „А стандард – летна обука“ кој е составен врз основа на УИАА стандардите.
УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Задолжителни услови за упис се:
• членство во планинарски клуб кое е член на ФПСМ – докажано со членска книшка и маркица за тековната година,
• завршена планинарска школа на ФПСМ (по исклучок, на обуката без завршена планинарска школа може да се пријави искусен планинар постар од 50 години кој има повеќе од 10 години планинарско искуство преку активно членство во
планинарски клуб),
• препорака од матичниот планинарски клуб или регионален огранок,
• искуство стекнато со учество во најмалку десет акции низ терени и во услови опишаниот стандардот А, во период од три години,
• наполнети 18 години,
• плаќање на школарина на организаторот на обуката,
• извештај од извршен преглед на спортска медицина
Организаторот може да постави и дополнителни услови за упис на учесници.
Во случај да капацитетот биде пополнет, организаторот може да определи дополнителни критериуми за селекција или да го прекине понатамошното регистрирање.
Услови за завршување на обуката:
•Во текот на обуката координаторот го следи присуството на предавањата и посветеноста на учесниците во извршувањето на практичните вежби и задачи и утврдува за секој учесник дали ги исполнува условите за успешно завршување на обуката.
Условите за успешно завршување на обуката се:
• способност за безбедно движење по услови од А стандардот.
По успешното завршување на обуката, учесникот ќе се стекне:
• стручно звање: водич-приправник,
• сертификат за успешно завршување на обуката.
• Сертификатот за успешно завршување на обуката не го заменува сертификатот за успешно завршен испит.
Спроведување на испит
• Квалификациите за водење на летни планинарски акции се одредуваат преку испит со кој се врши тестирање на знаењата и вештините на кандидатите за планинарски водичи.
• Испитот е организиран од Комисијата за планинарски водичи на ФПСМ.
• Испитот е концепиран да ги поттикне кандидатите да ги повторат и утврдат основните знаења и вештина.
Проверката се врши:
• Испитна акција,
• писмен испит,
• устен испит.
• Се одржува два дена во текот на еден викенд. Првиот ден од испитот се состои од испитна акција каде кандидатие заедно тргнуваат на планинарски терен со А стандард, наизменично водејќи ја групата. Писмениот испит трае два часа (120
минути). Вториот испитен ден се состои од: практичен испит кој се состои од задолжително усно испитување на темите „Планинарство опрема“, „Јазли и конструкција на ограда“, „Ориентација“, „Прва помош и спасување“ и други наставни теми. Координаторот на испитот може да го промени распоредот на активности за време на испитот, во зависност од околностите на теренот и достапноста на стручен кадар.
Координатор на испитот
• Испитот го спроведува испитна комисија од најмалку 3 члена.
• Координаторот и комисијата за испитот ги именува Комисијата за планинарски водичи, во соработка и одобрение на ЦСО.
• Само водич на ФПСМ со валидна лиценца за инструктор по планинарство може да биде назначен за координатор на испитот.
• При вршење на работи пропишани со Правилникот за школување и одлуките на Комисијата, координаторот непосредно соработува со Претседателот на комисијата, го известува за организациските околности и ги применува неговите упатства.
Услови за полагање на испитот се:
• членство во планинарско друштво кое е член на ФПСМ – докажано со членска книшка и маркица за тековната година,
• членство во реогнален огранок во тековната година,
• поминати најмногу 24 месеци од завршувањето на основна планинарска школа,
• 10 акции на водење, но не помалку од 3 акции на водење, теренски во услови на А стандард – како помошник водич (со ментор/лиценциран планинарски водич), или вршење на други водички активности (предавања, семинари и сл.), вклучително и вежби за регионалниот огранок, во периодот од завршувањето на обуката до испитот,
• пријавата за полагање на испитот за А стандард мора да биде во период од 18 месеци од датумот на завршување на обуката за А стандард*.
• Организаторот и координаторот не можат да поставуваат дополнителни услови за полагање на испитот.
*доколку поради објективни причини кандидатот не можел да се јави во одредениот период на испит тој има право да поднесе барање до Комисијата за планинарски водичи на ФПСМ тој рок да се продолжи. Комисијата донесува одлука дали ќе го прифати барањето или ќе го одбие врз основа на проценка на информациите наведени во барањето.
Критериуми за испитување и оценување
• Оценката од испитот вклучува проценка на способноста на кандидатот самостојно и безбедно да водење на лица по терени и во услови опишани со А стандардот.
• При оценувањето на знаењата и вештините на кандидатите се применува следниот систем на оценување:
• задоволил: знаењата или вештините се доволни за на кандидатот да му се довери водење на лица по терени и во услови опишани со А стандардот;
• не задоволил: знаењето или вештините не се доволни за да на кандидатот му се довери водење на лица по терени и во услови опишани со А стандардот.
• Успешно положен испит се смета испитот во кој знаењата и вештините на кандидатот во ниту една наставна тема не се оценети со оцена „не задоволил“.
• Доколку одредени знаења или вештини на кандидатот на испитот се оценети со оцена „не задоволил“, координаторот на испитот ќе го упати кандидатот да го повтори испитот по одредената наставна тема или да го повтори целиот испит.
Резултат од испитот
Со успешно полагање на испитот, членот се стекнува со:
• потврда за положен испит или диплома од Комисијата за планинарски водичи за А стандард со која лицето стекнува право да ја продолжи постапката за лиценцирање на планинарски водичи на ФПСМ.
• Термин: 21 – 25 мај, 2026
• Рок за пријавување: 03.05.2026
• Во зависност од временските услови и бројот на кандидати ќе се одреди местото за одржување на обуката.
• Бројот на кандидати е ограничен на 22 кандидати, целиот процес на едукација завршува со успешно завршување на зимска обука.
• Цена: 15000 денари за обуката со вклучен завршниот испит.
Трошокот за превоз и сместување е на товар на кандидатите.
Здравствена потврда А стандард 2026
Образец за планинарски водич (1)

