Федерација за планинарење и спортско качување на Косово
Федерација за планинарство на Северна Македонија
Албанска федерација за планинарење и планински туризам
Планинарски сојуз на Црна Гора
Преамбула
Имајќи ја предвид важноста на промоцијата на планинските спортови, безбедноста во планина, зачувувањето на природната средина и размената на искуства помеѓу федерациите во четирите земји, страните се согласуваат да го потпишат овој Меморандум за соработка (во понатамошниот текст „Меморандум“).
Член 1 – Цели на соработката
Страните се согласуваат дека целите на оваа соработка се:
-
Јакнење на билатералните и мултилатералните односи во областа на планинарењето, планинскиот туризам и заштитата на животната средина.
-
Промоција на одржлив туризам и унапредување на прекуграничната соработка во планинските региони.
-
Поттикнување на размена на знаење, експертиза и ресурси во корист на локалните заедници и животната средина во планините.
-
Создавање долгорочни партнерства со релевантни национални и меѓународни институции.
Член 2 – Области на соработка
Страните се согласуваат да соработуваат во следните области:
-
Организирање заеднички активности, вклучително експедиции, обуки и меѓународни натпревари.
-
Размена на искуства и добри практики во областа на безбедноста во планина и планинското спасување.
-
Промоција на планински туризам и развој на инфраструктура за планински спортови.
-
Едукација и подигнување на свеста за заштита на животна средина во планините.
-
Соработка во заеднички проекти со меѓународни организации и други релевантни институции.
-
Заедничко учество во прекугранични активности и/или меѓународни проекти (по моделот на проектот NaturKosovo).
-
Редовно и вонредно одржување, како и отворање нови планинарски патеки во соодветните земји (по моделот Via Dinarica Kosovo), како и воспоставување меѓународни врски (по моделот Via Dinarica) со цел промоција на одржлив туризам.
Член 3 – Форми и методи на соработка
-
Страните ќе одржуваат редовни состаноци за утврдување приоритети и планови за соработка.
-
Ќе бидат формирани заеднички работни групи за имплементација на конкретни проекти.
-
Страните ќе организираат семинари и конференции за размена на искуства и знаење.
-
Ќе се поттикнува учеството на членови на федерациите во активностите на партнерските федерации.
-
Соработка во обезбедување финансиска поддршка од различни извори за реализација на заеднички проекти.
Член 4 – Времетраење и раскинување
-
Овој Меморандум важи пет (5) години од датумот на потпишувањето, со можност за продолжување со заемна согласност.
-
Секоја страна може да се повлече од Меморандумот со писмено известување најмалку шест (6) месеци однапред.
-
Во случај на непочитување на одредбите од овој Меморандум од страна на една од страните, другите страни имаат право да ја преиспитаат и разгледаат понатамошната соработка.
Член 5 – Завршни одредби
-
Овој Меморандум не создава обврзувачки правни обврски за страните, туку се заснова на заемна волја и посветеност.
-
Секој спор околу толкувањето или примената на овој Меморандум ќе се решава преку дијалог и консултации меѓу страните.
-
Овој Меморандум е потпишан на 15 август 2025 година, во Приштина, во четири (4) оригинални примероци, секој подеднакво автентичен, по еден за секоја страна.








