Федерацијата за планинарство на Северна Македонија, врз основа на Правилникот за доделување на престижната награда „Даре Џамбаз„, распишува отворен конкурс за доставување на предлози за доделување на престижната награда „Даре Џамбаз 2025„.
Предлозите за поединец или клуб за доделување на оваа награда, да се достават до канцаларијата на ФПСМ, најдоцна до 20 ноември (четврток) 2025 година.
ПРАВИЛНИК ЗА НАГРАДА ДАРЕ ЏАМБАЗ
ФОРМУЛАР ЗА НАГРАДА ДАРЕ ЏАМБАЗ
Во апликацијата да се наведе:
– име, презиме и адреса на предложениот член или клуб;
– контакт адреса;
– кратка биографија;
– постигнати резултати во планинарските спортови;
– образложение зошто се предлага неговата кандидатура;
– точен назив и адреса на предлагачот – предлагачите.
Ве молиме бараните информации да се одговорат во целост, во спротивно нема да бидат разгледани од страна на Претседателството на ФПСМ.
За подетални информации контактирајте со канцеларијата на ФПСМ.


