Согласно член 51 алинеја 10 и член 52 од Статутот на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија Бр. 01-90/5 од 19.10.2024 година и член 3 од Правилникот за работа на комисиите во ФПСМ, Претседателството на ФПСМ донесе
О Д Л У К А
за именување на Комисија за планинарски техники
Член 1
На Седницата одржана на 18.09.2025 година и 25.11.2025 Претседателството на ФПСМ донесе одлука за именување на посебно работно тело Комисија за планинарски техники.
Член 2
Со оваа одлука се именуваат Претседател и членови на Комисија за планинарски техника и тоа во состав од:
- Стојан Хаџиефтимов – Претседател МСКФ
- Владимир Трповски – МСКФ
- Киро Ѓорѓиев – МСКФ
- Јован Иванов – МСКФ
- Здравко Петровски – МСКФ.
Сите погоре наведени членови се исто така членови и на ФПСМ.
Член 3
Комисијата има за задача да донесе Правилник за активностите и работењето.
Регулирањето, одобрувањето и донесувањето на Правилникот е во надлежност на Претседателството на ФПСМ.
Член 4
Мандатот на членовите на комисијата согласно член 10 од Правилникот за работа на комисиите при ФПСМ се совпаѓа со мандатот на Претседателството на ФПСМ.
Претседателството на ФПСМ има право во секое време да изземе еден член од наведените лица и да назначи друго лице во комисијата од редот на членовите на Федерацијата.
Член 5
Да се достави по еден примерок од Одлуката до Претседателот и членовите на Комисијата.
Одлуката да се објави на веб-страницата на ФПСМ.
Член 6
Оваа одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.
Скопје, 25. 11. 2025 година
ФПСМ
Претседател
Зоран Читкушев


