Согласно член 51 од Статутот на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија, Бр. 01-90/5 од 19.10.2024 година, Претседателството ФПСМ на на седницата одржана на ден 25.11.2025 година донесе
О Д Л У К А
да планинарски клуб кој ќе се грижи за одржување на Кулата Титов Врв и нејзината функција, за згрижување на планинарите за време на невреме и непогоди да биде клубот „Аргентус моунт“ од Тетово кое и до сега успешно го менаџираше тој дел од работата. Одлуката е донесена врз основа на поднесената Предлог програма за натамошна санација, одржување и стопанисување на Планинарската кула Титов Врв од страна на ПК „Аргентус моунт“ од Тетово бр.02-3/1 од 25.04.2025 година.
За регулирање на начинот на натамошно одржување и финансирање ФПСМ ќе потпише Договор со ПК „Аргентус моунт“ од Тетово.
Претседателството едногласно ги усвои направените трошоци исплатени за одржување на Кулата согласно доставената Информација за реализирани работни акции за санирање на оштетувања на Кулата на Титов Врв со детален финансиски извештај во висина од 3,643 денари, како и трошоците за набавката на две плексиглас стакла по цена од 2.183 денари вкупно од 4,366 денари, претходно одобрени на интернет изјаснување.
Воедно Претседателството на ФПСМ изразува благодарност до членовите на ПК „Аргентус моунт“ од Тетово за досегашната ангажираност, како и поддршка за натамошните нивни активности.
25.11.2025
ФПСМ
Претседател
Зоран Читкушев


