МАКЕДОНСКА СПОРТСКО КАЧУВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА
КАЧУВАЧКИ КЛУБ “АСТИБО” – ШТИП
ПРВО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО НАТПРЕВАРУВАЧКО КАЧУВАЊЕ НА МРАЗ ВРТЕШКА, ПЛАЧКОВИЦА 2026
На 31.01 и 01.02.2026 година за прв пат во Македонија се организираше натпреварувачко качување на мраз (познато како dry tooling) на вештачката карпа во близина на селото Вртешка, Плачковица.
Натпреварот беше заеднички настан на ФПСМ и МСКФ врз основа на меморандумот за соработка потпишан помеѓу овие две федерации а како организатори се пријавија Качувачкиот Клуб Астибо и Друштвото на планинарски спортови Лисец од Штип.
Првиот ден од настанот (сабота 31.01) се поставуваа насоките за натпреварот и се качуваше по слободен избор со бајли и дрвени бајли за тренинг.
Вечерта во планинарскиот дом Вртешка се дискутираше околу новитетите, правилата и инфраструктурата за качувањето на мраз низ светот.
Вториот ден (недела 01.02) се одржа главиот натпревар со почеток во 12:00 часот на кој се пријавија 7 натпреварувачи. Се качуваше на две насоки, квалификации и финале (за најдобрите тројца во квалификациите). На првата насока (11 метри / 19 фаќалишта) се качуваше топ роп а на втората финална (11 метри / 16 фаќалишта) се качуваше во водство со дополнителна безбедност топ роп. Користени беа два типа на фаќалишта, пластчни и дрвени а беше регистириран само еден технички инцидент со фаќалиште кое беше брзо заменето. Секој натпреварувач користеше бајли по сопствен избор наменети за ваков тип на качување (Krukonogi, Petzl, Casin) како и дерези.
Резултати
Насока 1 (квалификации)
| Матеј Марков | топ, | време 2,50,57 |
| Христијан Арсов | 6+ | време 1,24,57 |
| Јован Иванов | топ време 1,31,70 | |
| Ненад Радевски | топ | време 1,58,57 |
| Јован Лонгуров | 6 | време 1,36,30 |
| Ќиро Ѓорѓиев | 8 | време 1,01,30 |
| Насока 2 (финале) | ||
| Јован Иванов | 11 време 2,08,6 | |
| Ненад Радевски | 10 | време 3,26,92 |
| Матеј Марков | 9 | време 2,37,54 |
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН
- место, Јован Иванов
- место, Ненад Радевски
- место, Матеј Марков
- место, Ќиро Ѓорѓиев
- место, Христијан Арсов
- место, Јован Лонгуров
Ораганизатор на натпреварот: КК Астибо и ДПС Лисец Штип Одговорно лице: Јован Иванов
Судија: Ќиро Ѓоргиев и Владимир Трповски
Поставувачи на насоки: Ненад Радевски и Владимир Трповски


