,,UIAA,, и ,,EUMA,, состанок Ларнака, Кипар

Од 31 октомври до 3 ноември 2019 година, во Ларнака, Кипар, одржани се годишни собранија и состаноци на управните органи на Меѓународната асоцијација за планинарење и качување карпи (УИАА, https://www.theuiaa.org/ ) и на Европски сојуз на планинарски асоцијации (ЕУМА, http://www.european-mountaineers.eu/ ).
На состанокот на Управниот комитет на УИАА, донесена е одлука наредниот состанок на управните органи на УИАА да се одржи на почетокот на мај 2020 во Скопје.
На годишното собрание на УИАА се усвоија финансискиот план за 2020 година, политиката за одговорно планинарење и качување по карпи и стратегијата на УИАА наредниот период. Усвоена е и иницијативата на планинарскиот сојуз на Германија за влијанието на климатските промени. Во текот на денот беа одржани и работилници на планинарски теми.
Годишното собрание на ЕУМА беше одржано на 3 ноември со претставување на досегашната работа, детали за проектот Еразмус+ во кого што учествува и ФПСМ, како и план за идна работа.