Годишно Собрание на ФПСМ, 28.10.2023, Штип

На 28.10.2023, во Штип, се одржа Годишно Собрание на ФПСМ, каде беа поканети сите планинарски клубови-членки на ФПСМ, членови на Претседателството и комисиите на Федерацијата.

Планинарските клубови од сите региони активно учествуваа во конструктивна дискусија и разменија мислења на утврдените точки од дневниот ред, при што беа донесени важни одлуки за понатамошното работење и исполнување на целите на ФПСМ. Претседателот Зоран Читкушев додели признанија на поединци и клубови за достигнувања и особен придонес во планинарењето како спорт, и им посака добредојде и успешна работа и на новоформираните планинарски клубови.

Воедно, одбележавме 75 години од постоењето на Федерацијата! Една од македонските спортски легенди- Академик Сашко Кедев, беше дел од настанот и посака уште многу родендени и уште многу успешни Собранија во духот на плодната соработка и постојани подобрувања.

Share This: