Допис до членовите на ПК БИСТРА – Скопје

Почитувани колеги – планинари,

На последната седница на Претседателството на ФПСМ меѓу другото беа разгледани и несоодветните реакции на поединци – членови на Клубот Бистра и на членовите на Вашите раководни структури. Реакциите беа оценети како несоодветни, неспортски, извитоперени, лажни, полни со навреди кон ФПСМ, во која и Вие своеволно членувате и игнорантски се однесувавте кон одлуките и дописите кои Ви беа упатувани.

Согласно одредбите на Статутот на ФПСМ, Претседателството одлучи да поведе постапка пред Судот на честа.

Вашиот Клуб треба да достави информација до канцеларијата на ФПСМ, дали зад изнесените невистини и навреди стои Претседателството и Собранието на клубот, или тоа се постапки на поединци кои го злоупотребиле името и Печатот на Клубот, со цел ФПСМ соодветно да ја спроведе понатамошната постапка.

Со почит,

Претседателство на ФПСМ

Проф. Д.р. Јовица Угриновски, Претседател

Share This:

Posted in Новости.