Категорија спортист – Спортска надеж

По основ на доставено Решение од Агенција за млади и спорт, со број 1473/100, за доделување на категорија спортист – Спортска надеж на спортисти од Федерацијата за планинарство на Северна Македонија, Ве известуваме дека избрани кандидати за потпишување на Договор за поддршка се:

1. Даниел Никола Јанков
2. Ивана Тошо Антова и
3. Ване Орданчо Бошев

Им честитаме и им посакуваме постигнување на поголеми резултати.

До младите кандидати кои оваа година не се стекнаа со поддршка од Агенцијата за млади и спорт, ги поттикнуваме да продолжат со нивната работа и ги упатуваме да активно се вклучат во работата на Младинската комисија при ФПСМ, со што ќе придонесат во постигнувањето на поголеми резултати за следната година.

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search