Козјак, Бабуна планина – Прилеп

ПСЗ „Козјак“ – Прилеп, на ден 11.06.2017 ќе го организира 21-то традиционално искачување „Козјак ’97“ на врвот Козјак 1.747 м.н.в , на Бабуна планина.
Традиционалното искачување оваа година останува со непроменета патека односно : <Прилеп > ман. св. Ѓорѓија – Борула – чешма Студеница – Белото – врв Козјак – чешма Студенец – с. Плетвар каде што ќе биде обезбеден ручек за секој.

1.ПРОГРАМА

-Недела 11.06.2017 –
6:30 – 07:00 – Собирање на учесниците на плоштад Александрија (пред Реклами) ,собирање на листите на учесници, разговор со водичите на организираните групи и останатите учесници, и сместување во автобус.
07:00 – Тргнување од плоштад Александрија ( пред Реклами)
07:30 – Пристигнување на групата пред ман. св Ѓорѓија и старт на маршот.
09:30 – Пристугнување на чешма Студеница, прва поголема пауза, место за поручек.
10:30 – Пристигнување на групата на превој Белото.
12:30 – Пристигнување на групата на врв Козјак.
14:30 – Пристигнување на групата на чешма Студенец.
15:00 – Пристигнување во с. Плетвар, каде организаторот има обезбедено ручек, затворање на маршот, доделување на благодарници за учество.
17:00 – Тргнување од с. Плетвар кон Прилеп.

Цената на превозот од Прилеп до ман св. Ѓорѓија и од с. Плетвар до Прилеп е 100 денари.

Потребна опрема :
– добро разгазени планинарски чизми, јакна (на врвот има секогаш студен ветар), облека во зависност од временските услови.

ПСЗ Козјак обезбедува ручек за сите планинари во с. Плетвар по завршувањето на маршот.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ ИЗА СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВААТ НА ЕДНОДНЕВНАТА АКЦИЈА НАЈДОЦНА ДО 09.06.2017, ЗА ОРГАНИЗАЦИСКИ ПОТРЕБИ.
ВО ПРИЛОГ Е ДОСТАВЕНА ЛИСТАТА.
1.ЕДНОДНЕВНА
https://drive.google.com/open?id=0B21KBIAD8qo4WHNERTVvV1RhUzQ

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот, во спротивно сам е одговорен за последиците. Доколку учесниците не ги почитуваат правилата и препораките, водичите имаат право да исклучат член пред стартот на акцијата.Организаторот го задржува правото на промена во зависност од временските услови и останатите препреки кои може да ја нарушат безбедноста на учесниците на маршот за време на акцијата.

Подетални информации и пријавување на :
тел. броеви
075/ 609-821 – Бојан
071/ 460-322 – Благоја
prilep.psd.kozjak@gmail.com и bstanimirovikj@gmail.com

Recent Posts