Ново издание на ФПСМ ,,Планинарење – Прирачник – Лето,,

Почитувани,

Многу планинари од цел свет го стекнале своето основно техничко знаење проучувајќи ги цртежите во Пецл-каталозите. ФПСМ, во соработка со Меѓународната федерација за планинарење и качување, УИАА (The International Mountaineering and Climbing Federation, UIAA), и со техничка поддршка на Фондацијата „Пецл“, на македонската јавност ѝ го става на располагање прирачникот „Планинарење – Прирачник – Лето“, кој нуди преглед на основните вештини што секој треба да ги совлада за да може да стане компетентен планинар, качувач или алпинист.

Во прирачникот ќе прочитате за правилата на добро однесување на планина, како и за најраспространети видови карпи; за интерпретирањето на метеоролошките информации и за користењето на ГПС уред; што е хипотермија и како се води група; за употребата на френдови и чокови и за оценките за качување сува карпа; за летните лавини и како се прави засолниште во снег. И уште многу други интересни теми за планинарење, качување и алпинизам.

Прирачникот ќе може да се нарача и набави преку планинарските клубови со цена од 800 денари, како и во просториите на ФПСМ. Малопродажна цена на прирачникот ќе изнесува 1.200 денари.

Адреса: 11 Октомври 42а, Скопје

Телефон: 02 3165 540

e-пошта: contact@fpsm.org.mk

www.fpsm.org.mk

Share This: