ОБУКА НА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧИ ПРИ ФПСМ

 

 

Од 31 октомври – 4 ноември 2014, Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ и Центарот за стручно оспособување на ФПСМ, во планинарски дом „Смрека“ Попова Шапка, одржа обука за планинарски водичи за Категорија А.

22 кандидати од 16 планинарски друштва низ Македонија, 5 дена активно учествуваа во обуката, во нејзиниот теоретски и практичен дел.

Теоретската и практичната работа ги опфати следните предмети: историја и организација на планинарското водење во Македонија и светот, лична и техничка опрема, морална и правна одговорност, метеорологија, тренинг и исхрана, ориентација, психологија на планинарско водење,  прва помош и влијание на планините врз човекот, движење и техника на водење, опасности и спасување во планина, бивакување и табори, опис, изведба и анализа на акции, работа со јажиња, јазли, ковање клинови и правење сидришта, искачување и симнување по карпи, правење огради од јаже и многу тест прашања.

Следуваат дополнителните чекори од обуката (изработка на семинарска задача и Испитна акција), после кои започнува приправничкиот стаж на кандидатите.

 

 

 

2 Meteorologija 3 Psihologija na vodenje i prva pomos 4 Prva pomos 5 - Orientacija 6 - Nokna orientacija 7 - jazli 8 9 10 11 12 13 14 Dodeluvanje na Potvrdi

 

Recent Posts