По падините на Плавуш

П  О  К  А  Н  А

 

Почитувани,

Ве известуваме дека ПАОК ЈУГ ВАЛАНДОВО од Валандово на 02.11.2014год.ќе организира 6-то Ноемвриски Марш ,,По падините на Плавуш’’.

Учество ќе земат повеќе планинарски друштва од Македонија и од соседните земји Бугарија и Србија, како и вљубители во природата, ентузијасти  и  граѓани.Очекуваме присуство околу 500 до 600учесници.

Тргнувањето ќе биде од Жито маркет- Валандово во 08:00часот.

Патека на движење: Валандово-с.Раброво(стариот пат)-месност Злешово- Песо поле -Шарена чешма-Извор и манастир Св.Георги, каде од организаторот ќе има заеднички ручек во 13часот.

Завршувањето на маршот е во17:00часот.

Патеката на движење е околу 5часа, со повеќе одмори и не  е  тешка за одење и има  убава природа која треба да се види.

Организаторот нема да сноси никаква одговорност за сите учесници кои нема да ги почитуваат упатствата од водичите или сами се одалечат од патеката.

Секој учесник сам си одговара за својата психофизичка способност.

 

Ќе ни биде чест и задоволство ако и Вие земете учество во ова планинарско дружење.

 

Со почит,

 

Валандово

07.10.2014год.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ

ПАОК ЈУГ ВАЛАНДОВО

Валандово

 

Гоце Монев

 

ПАОК ЈУГ, Ул. Јане Сандански бр. 18, Валандово, Тел. 072 589 940

planinari_val@hotmail.com