СЕМИНАР ЗА ПЛАНИНАРСКИ ИНСТРУКТОРИ

Од 26 до 28 октомври 2018, во организација на Федерацијата на планинарски спортови на
Македонија (ФПСМ), на Водно, Скопје, Република Македонија, беше одржан семинар за
планинарски инструктори на тема „Размена на искуства во организирањето на обуки за
планинарски водичи“. На семинарот присуствуваа 14 регистрирани планинарски водичи,
предавачи и презентери на досегашните обуки за планинарски водичи од ФПСМ, четворица
планинарски инструктори од Хрватскиот планинарски сојуз (ХПС), осумина учесници од
Косовската федерација на планинари и алпинисти, како и четворица од Албанската планинарска и туристичка федерација.
Семинарот започна со претставување на програмата на образование на планинарските водичи на ФПСМ и на ХПС, како и структурата и организацијата на планинарските федерации и спортови на Косово и во Албанија.
Нашите колеги од Хрватска ги презентираа нивните искуства во организирање на обуки за
планинарски водичи, нивните испити и испитни критериуми, стандардизираните презентации и планинарска литература како средство за едукација, како и UIAA стандардите и квалификации.
Беа изведени вежби за изработка на огради од јаже, ориентација, изработка на импровизирани биваци и транспортни носила. Последниот ден беше одржана и завршна вежба (планинарска акција, обраќање на водичите, ориентација, несреќа, прва помош и спасување).
Она што на сите ни остави впечаток е одличната организација на тимот за изведба на обуки за планинарски водичи во ХПС, извонредниот начин на презентирање на искуствата и
многубројните пишани материјали за планинарство.
Се разделивме со искрени ветувања за понатамошна соработка на планинарските водичи и
инструктори од Македонија, Хрватска, Косово и Албанија.

31.10.2018, Скопје КПВ при ФПСМ

 

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search