Скајранинг (дисциплина sky-snow), Јахорина (БИХ)

На 26.02.2022 година во олимпискиот ски-центар Јахорина (БИХ) се одржа меѓународен натпревар во скајранинг (дисциплина sky-snow) во организација на Скајранинг асоцијацијата на Србија. Трката беше во должина од 15 километри и 1150 висински метри, а земаа учество 105 натпреварувачи од 10 земји. Натпреварот се одржа во комплексни услови за ваков тип на зимски високопланински скајрејс, со врнежи од снег и многу мала видливост што придонесе само околу 70% од учесниците успешно да финишираат.
Во машка конкуренција остваривме значаен успех и двоен подиум на македонските репрезентативци во скајранинг. На првото место се пласира Дејан Ангелоски со резултат 1:56:46, додека второпласиран беше Александар Кирковски со две секунди заостанување. Третото место му припадна на Бојан Гргиќ од Хрватска. Во женска конкуренција победи Милуша Бошковиќ (Црна Гора) пред Наида Авдиќ (БИХ) и Татјана Јовановиќ (Србија).
На натпреварот настапија уште неколку македонски тркачи и сите остварија одлични резултати и висок пласман, што е потврда на квалитетот на македонскиот скајранинг во балкански и регионални рамки.

Објава од локални медиуми:
https://www.kurir.rs/region/bosna-i-hercegovina/3880621/odrzana-nebeska-trka-na-jahorini-105-takmicara-iz-10-zemalja
Резултати (мажи): https://trka.rs/results/582/M/

Комисија за скајранинг при ФПСМ

Share This: