Состанок на Балканската планинарска унија (БМУ) на островот Мљет

На островот Мљет (Р. Хрватска) од 30 мај до 1 јуни беше одржан 15 состанок на Балканската планинарска унија (БМУ). Присутни беа претставници од сите 10 национални планински сојузи (Албанија, БиХ, Црна Гора, Бугарија, Грција, Македонија, Словенија, Србија, Турција и земјата домаќин Хрватска). За прв пат присутни беа сите 10 претседатели на планинарските сојузи. Како гости во работата учествуваа и претседателот на Клуб Алпино Италиано (КАИ), како и претседателката на Европската пешачка федерација (ЕРА). На состанокот се дискутираше за работата и акциите на БМУ во изминатата година, како и за планираните активности за наредниот период. Учесниците ги поздрави Проф.д-р Јовица Угриновски, претседател на БМУ, проф.д-р Хрвоје Краљевиќ, претседател на Хрватскиот планинарски сојуз (ХПС), г-дин Перо Матана, претседател на општинското собрание на островот Мљет и г-дин Нико Стјепковиќ, од името на Планинарскиот сојуз на Дубровничко-неретванска жупанија. По повод 140 годишнината од хрватското планинарство прикажан беше филм за историјатот и организацијата на ХПС.

Recent Posts