СРЕДБА НА КЛУБОВИ ВО ФПСМ ОД СКОПСКИ РЕГИОН

Втора реализирана средба на клубови во ФПСМ од Скопски регион, 19.09.2023 год. во ДХО Даре Џамбаз – Скопје, координатор за регионот- Марина Стоиловска.

  • Клубовите од регионот презентираа активна и успешна летна сезона, со многу реализирани домашни и регионални акции
  • Констатиран тренд на поголема меѓу-клупска поддршка преку посетеност на настани организирани од другите клубови во регионот и вон него
  • Разменети мислења и искуства од досегашната работа и утврдени точки за подобрување за во иднина
  • Претседателот на ФПСМ, Зоран Читкушев даде признание за одлично завршените акции и го поздрави и охрабри планирањето на идните акции.

Share This: