ПРВА Менторска средба

На 20.11.2022, во објектот на ФПСМ и во околината на Средно Водно, над Скопје, беше одржана првата средба на Менторите на приправничките акции во Категориите А1 и Б1. Присутни беа 16 учесници и се разви многу конструктивна дискусија за текот и предизвиците на приправничките акции, изведба на инструкциите во текот на акциите и предлози за унапредување на приправничките акции. Како да се поттикне едукацијата во планинарските клубови, како да се организираат масовни планинарски акции, да се поедностават документите за подготовка и извештаите за приправнички акции, да се интензивира едукацијата за водичи во источниот дел од државата, да се одржат регионални менторски средби беа само дел од темите за кои се разговараше.

Покрај теоретскиот дел, работевме и на терен: практична употреба на планинарски стапчиња, изработка на хоризонтална ограда од јаже, и имобилизација повредени.

Менторите се еден многу значаен сегмент од целиот процес на едукација на водичите во ФПСМ, на кои КПВ и во иднина ќе посвети внимание.

 

 

Share This: