28-мо ТРАДИЦИОНАЛНО ИСКАЧУВАЊЕ „ГОЛЕМ КОРАБ 2019“

Програма:
08.09.2019 – НЕДЕЛА
9:00 Официјално започнување на искачувањето
15:00 Затворање на врвот за искачување и враќање на сите од врв и од патеката назад ко караула Победа. Нема да се дозволи натамошно искачување поради режимот на гранична контрола и безбедност на учесниците.
19:00 Заминување на последниот Автобус.
Патеката до врвот Голем Кораб (2764 мнв) е 18160м долга,во двата правца. Патеката е маркирана,а водачите од клубот се долж патеката за евентуална помош и асистенција.
Почетна точка за искачувањето е караулата Победа на 1450 мнв.
Вода за пиење има на првото бачило. Пиење вода од попатните поточиња нее препорачливо поради можно загадување на истата од стадат на овци ки се напасуваат по ливадите. Пожелно е со вас да имате околу 2 л. вода.
Оваа година ќе има посебен режим на пропуштање на возилата. Предност ќе има организираниот Автобуски превоз од Скопје од страна на ПК Кораб. Сите учесници кои доаѓаат со сопствен превоз ќе мора да ги почитуваат упатствата и насоките од граничната полиција и од редарите на ПК КОРАБ.

И оваа година како и претходната Националниот Парк Маврово ќе врши наплата за учесниците на походот во износ од 30 ден по особа.

Сите учесници треба да бидат добро психофизички подготвени. Учесниците треба да се опремени со стандардна планинарска опрема за високи планини и различни временски услови (Планинарски чевли, Јакна, Кабаница, Блузон и сл.)

Важни информации

Билети за превоз ќе можат да се купат од Вторник 03. 09 2019 секој ден заклучно со Петок 06. 09. 2019 год. од 19 до 21 часот во Дома на АРМ.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ СКОПЈЕ – КОРАБ – СКОПЈЕ 600 ден. (во цената е пресметана и сумата од 30 ден по особа која ја наплаќа НП МАВРОВО)

1. Поаѓање автобуси во 05.00 од пред железничка станица према комплекс банки.
– дојдете 15 мин. порано за да го најдете автобусот со бројот кој е на вашиот билет.
2. Билетот задолжително чувајте го и за враќање, бидејки ќе мора да го покажете.
3. Во автобусите не оставајте ништо бидејки автобусите се враќаат по редоследот онака како што ќе се исполнуват.
4. Искачувањето на врвот трае до 15,00 кога врвот се “затвора” за искачување и секој е должен, без оглед каде се наоѓа, да почне да се враќа кон стартната позиција, односно кон автобустите.
5. На патеките по кои ке се движите не оставајте никакви отпадоци, туку вратете ги во сопствените ранци до првите канти или контејнери во урбаните средини.

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search