UNESCO – Алпинизмот на листа на нематеријално културно наследство

Генералното собрание на UNESCO одржано во Богота, Колумбија, на 11 декември 2019 година, го вклучи Алпинизмот на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото.

Алпинизмот е вештина на искачување врвови и карпести ѕидови на високи планини, во сите сезони, по карпест или смрзнат терен. Тоа вклучува физички, технички и интелектуални способности, користење на соодветни техники, опрема и специфични алатки, како што се цепини и дерези. Сознанието за природната околина, променливите временски услови и природните ризици се негова основа. Алпинизмот во основа има и естетски аспекти: алпинистите изведуваат елегантни движења, набљудување на пејсажот, во хармонија со природната околина.

Активностите во алпинизмот вклучуваат етички принципи кои се темелат на сопствената посветеност, како што е почитување на природата (не оставајте трага зад себе), и взаемната соработка. Друг основен дел на алпинистичкиот начин на размислување е чувството за тимска работа, каде што јажето ги поврзува високогорците во наврска. Планинските клубови организираат планински акции, шират практични информации и преку публикации и делуваат како водечка снага во високогорската култура.

Овие извонредни карактеристики, како и неговото историско и културно наследство, го прават алпинизмот вредно за да биде прогласено за нематеријално културно наследство со извонредна и универзална човечка и социјална вредност.

Генералното собрание на UNESCO одржано во Богота, Колумбија, на 11 декември 2019 година, го вклучи Алпинизмот на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото.

Алпинизмот е признаено од UNESCO како вештина:

  • За качување на планински врвови и самоспознавање на сопствените физички, технички и интелектуални способности.
  • За предизвикување на сопствените способности и познавања, совладувајќи ги при тоа природните пречки.
  • За оценување и претпоставување на ризиците.
  • За себе-управување, себе-одговорност и солидарност, и
  • За почитување на луѓето и природата.

Членките на UIAA можат да ги искористат предностите што ги нуди признанието за промоција на Високогорството кај државните органи.

Повеќе информации на: https://www.theuiaa.org/mountaineering/alpinism-gets-recognition-from-unesco-as-intangible-cultural-heritage-of-humanity/

Референтната листа на UNESCO на нематеријално културно наследство на човештвото се наоѓа на: https://ich.unesco.org/en/lists

…………………………………

Терминот „нематеријално културно наследство“ значи обичаи, претставувања, изрази, знаење, вештини – како и инструменти, предмети, артефакти и културни предели што се во врска со нив – коишто заедниците, групите и, во определни случаи, поединци ги препознаваат како дел од своето културно наследство. Ова нематеријално културно наследство што се пренесува од генерација на генерација, постојано се вознобновува од заедници и групи во функција на нивната окруженост, нивната интерактивност со природата и нивната историја, го јакне нивното чувство за идентитет и континуитет на тој начин проовирајќи го почитувањето на културната различност и на човечката креативност (Министерство за култура на РСМ).

 

Recent Posts