Ајде сите заедно во природа, ИНКЛУЗИВЕН планинарски настан на З.П.С.К „KOЖУФ “ – Гевгелија

Првиот хуманитарен ИНКЛУЗИВЕН планинарски настан од страна на З.П.С.К „KOЖУФ “ – Гевгелија, а под покровителство и иницијатива на Фондација ,,Ице Бегов” – Скопје – под мотото „ Ајде сите заедно во природа“, се одржа на 11.06.2023 год. Кожуф планина.

Заедно се приклучуваме да:

Сите деца треба да добијат рамноправна основа за реализирање на својот полн потенцијал. Сите тие понекогаш имаат потреба од дополнителна или додатна поддршка исто како и секој човек на планетава Земја. Инклузијата ни е потребна на сите, некогаш даваме, некогаш примаме поддршка. Затоа сме луѓе!

Честитки и поддршка на вербата дека овој настан ќе прерасне во традиција затоа што планината е ЉУБОВ.

ЗАТОА НЕКА ТРАЕ !!!

Видео од настанот: https://www.facebook.com/reel/2407882829387827?s=yWDuG2&fs=e&mibextid=Nif5oz

КЛП – ФПСМ

Share This: