Проекти за заштита на планините

Почитувани,

Во име на УИАА Комисијата за заштита на планините, ФПСМ ги потсетува заинтересираните да пријават проекти за заштита на планините, при што, во соработка со Bally Peak Outlook Foundation, најдобриот проект ќе биде награден со Наградата за заштита на планината во износ од 10.000 евра, второнаградениот би добил 4.000 евра, а најдобрата нова иницијатива би добила 1.000 евра.

Крајниот рок (кој најверојатно ќе биде продолжен) е 31 мај 2022.

Проектите треба да бидат поддржани од ФПСМ.

Повеќе детали за Наградата ќе најдете на линкот: https://theuiaa.org/mountain-protection-award/

Ако имате прашања, слободно обратете се на: office@theuiaa.org

Директен линк за регистрација: https://theuiaa.typeform.com/to/Mmb60fzr?typeform-source=theuiaa.org

 

Share This: