Од 3ти до 5ти јули, во Arêches-Beaufort, Savoie, Франција, се одржа Светското првенство во Скајранинг – Мастерс. Да се биде дел од Pierra Menta Eté трката и да се трча во националниот дрес во силна конкуренција е огромна гордост, но, и одговорност.
По освоениот бронзен медал минатата година на Светското првенство во Бугарија, овој настап во Франција и неговиот пласман во топ 5 во неговата категорија само ја потврди неговата одлична форма.
Мартин беше единствен натпреварувач од Македонија, настапи во две дисциплини и ги оствари следниве резултати:
• Во категорија мажи 40-44: 5то место

• Генерален пласман: 16ти од 109 натпреварувачи (3:49:53)
• Во категорија мажи 40-44: 12то место
• Генерален пласман: 40ти од 92 натпреварувачи (0:45:26)
Конечниот пласман од ова Светско првенство ќе се утврди по завршување и на Ултра Скај дисциплината во Октомври во Португалија, која е ко-домаќин на ова првенство.

