36 то традиционално искачување на Кораб 2764м,

Почитувани љубители на планината и планинските спортови,
Ние од ПК Ај лав хајкинг груп Маседониа и ПК Кораб заедно со ФПСМ со посебна чест и задоволство сакаме да Ве поканиме на нашето триесет и шестто по ред планинарско дружење на врвот Кораб 2764м, амбасадорот на нашата земја, и поводот е независност на Република Македонија.
Горди на досегашните планинарски средби предходните години, Ви гарантираме одлична дружба и атмосфера. Она што секогаш нè идентификувало како планинарски клуб се најголемите планинарски дружби, па затоа оваа година како и секоја, сакаме оваа акција да ја претвориме во досега најголема на ниво на цела држава. Имаме желба и сон во наредните години да создадеме една традиција која ќе ја крене планинарската фела и која ќе не претставува кај меѓународната јавност. Традиција која ќе ги мотивира сите планинари и ќе ја зголеми свеста на нашиот народ за нашето природно богатство.
ФПСМ со Планинарскиот Клуб „ Ај лав хајкинг груп Маседониа” и ПК “Кораб” ги поканува сите друштва/клубови и организирани здруженија да ни се приклучат во овој заеднички планинарски настан.
Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на ФПСМ за „Организација на големи традиционални планинарски акции“, секој клуб/друштво или организирано здружение треба да се пријави кај организаторите со бројката на планинари која ја носи со себе, и е должен да обезбеди лиценциран водич од својот клуб/друштво за групата која е со него.
Исто така сите се должни да платат влез во НП Маврово кај пунктот обезбеден од НП Маврово.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРИЈАУВАЊЕ
Пријавувањето може да се изврши кај:
o Дејан ✆ 071/ 212 808 – dejan@hiking.mk
o Славко ✆ 070-742 255 – slavko@hiking.mk
o Даниел ✆ 071- 261 646 – Daniel_Jankov@yahoo.com
o Дејан Јосифовски ✆ 078- 287 261

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ
 Поаѓање од железничка станица Скопје 05:00 часот
 Пристигнување и поаѓање од караула Победа 08:30/09:00ч.
 Отварање на настанот кај караула Победа во 8:40 часот
 Натанот ќе го отвори представник на организацијата
 Поаѓање од караула Победа најдоцна во 10:00 часот кон врвот Кораб 2764м
 Патеката по која ќе се одвива искачувањето е НОРМАЛНАТА рута
 Искачувањето на врвот е до 14:30 часот, сите што ќе се најдат во тој час било каде на
планината се должни да се симнат кон караулата Победа
 Врвот се затвара во 15:00 часот.
 Со пристигнување на последниот водич од врвот кон караулата, грпата се упатува кон
превозот и со пристигнување кај превозот целата традиционална акција завршува.
 За сите љубители на кампингот, имаме отворен кампинг кај караулата Стрезимир од
05.09.2026г Сабота – 06.09.2026г каде се затвара кампингот.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИСКАЧУВАЊЕТО
 Движењето се одвива по нормалната рута во организирана колона по наведената
програма
 GPS податок на патеката Ви доставуваме во прилог.
 Координаторите на друштвата/клубовите и организираните здруженија се одговорни за
 Пријавените членови од матичниот клуб да има обезбедено доволен број на водичи сразмерно на бројот на пријавени учесници од матичните клубови – согласно препораките на ФПСМ! („упатство за број на учесници во планинарска акција за планинарски водичи“)
 За искачувањето е потребна планинарска опрема за пролетно/есенски услови!
 Исхраната е индивидуална, секој во ранец си носи. Ние обезбедуваме планинарско гравче на крајот од турата кое ќе се служи од 16:30 часот, Вие донесете си чинија и лажица.

ПРЕПОРАКИ НА ФПСМ
Сите учесници се должни да се придржуваат кон следниве препораки:
 Препораки при невреме на планина
линк до документот: https://www.fpsm.org.mk/препораки-при-невреме-на-планина
 Безбедно на планината во лето
Линк до документот https://www.fpsm.org.mk/безбедно-на-планина-во-лето
 Потребна опрема за есен
Линк до документот: https://www.fpsm.org.mk/опрема-за-есен
 Кодекс на честа на македонските планинари
Линк до документот: КОДЕКС-НА-ЧЕСТА-НА-МАКЕДОНСКИТЕ-ПЛАНИНАРИ

Ве очекуваме насмеани и желни за нови познанства, искуства и дружби.
Планинарски поздрав и се гледаме на врвот од Кораб!

Планинарски клуб
АЈ ЛАВ ХАЈКИНГ ГРУП МАСЕДОНИА
Бул. Видое С. Бато бр.41-16, 1000
Скопје
Тел: 071/212-808
e-mail:hiking@hiking.mk
www.hiking.mk

ФЕДЕРАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСТВО НА МАКЕДОНИЈА
Тел. 02 316 5540
Е-маил: contact@fpsm.org.mk
www.fpsm.org.mk

Share This:

Scroll to Top