









Соработка меѓу Општина Кочани и ФПСМ
Претседателот на ФПСМ, Зоран Читкушев заедно со претседателот на комисијата за планинарски домови Александар Санев и членот од истата комисијата Тошо Антов, остварија средба со градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. На средбата беа разменети идеи...Continue reading→
Среќни и спокојни Божиќни празници
Тропар, глас 4 Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлина на знаењето; во неа пак, оние што им служеа на ѕвездите од ѕвездата се учеa Тебе да Ти се поклонуваат, Сонце на...Continue reading→
СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА
Почитувани колеги планинари Дозволете од мое име и од името на членовите на претседателството на ФПСМ да ви посакам: добро време и спокој кога сте на планина, среќа љубов за вас и вашите семејства и...Continue reading→
Зачленување во ФПСМ
Основните планинарски организации (спортските клубови), во почетокот на секоја година, а најкасно до почетокот на месец април во тековната година, на сметката на ФПСМ уплатуваат паричен надоместок на име годишна членарина, во износ кој се определува со одлука на Претседателството на ФПСМ.
При регистрација на НОВ спортски клуб во ФПСМ, се наплатува одреден финансиски надомест, на име администраторски трошоци за регистрација.
„Пакомак“ е првата македонска компанија што во Република Северна Македонија го воведува светскиот тренд во селектирањето – повратни вендинг машини за собирање пластични шишиња и лименки. Идејата зад овој проект е да ги мотивираме граѓаните да се вклучат активно во процесот на селекција на отпадот од пакување.
За таа цел, со селектирање пластична амбалажа или лименки во машините, граѓаните ќе имаат можност да собираат зелени поени со помош на бесплатната мобилна апликација на „Пакомак“ наречена „Ecomak“. За собирање зелени поени граѓаните пред користењето на машината ќе треба да го скенираат баркодот што се појавува на нивната мобилна апликација и по фрлањето на отпадот, ќе им бидат доделени зелени поени во зависност од количината фрлен отпад во машината. Секој корисник на мобилната апликација има свој личен баркод... ПОВЕЌЕ










