
„ФПСМ – полноправна членка на ISMF“.
Одлуката од Закопане
ФПСМ е полноправна членка на Меѓународната Федерација за Ски-планинарство (ISMF). Одлуката ја донесе Пленарното Собрание на ISMF, одржано на 16ти и 17ти октомври 2026 година во Закопане, Полска.
ФПСМ на Пленарното собрание на ISMF, Закопане, октомври 2026.
Со тоа македонското ски-планинарство официјално станува дел од светското семејство на SkiMo. Тоа е спорт кој на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 го имаше своето олимписко деби.
За ФПСМ тоа е и признание за една традиција која кај нас трае цел век.
Што носи полноправното членство
Со полноправното членство ФПСМ станува официјален претставник на македонското ски-планинарство во ISMF, која од 2016 е целосно признаена од Меѓународниот Олимписки Комитет. Денес, во ISMF члeнуваат повеќе од 50 национални федерации.
За нашите клубови и натпреварувачи тоа значи:
- настап на натпреварите од календарот на ISMF – Светскиот куп, светските и континенталните првенства– како дел од македонската репрезентација;
- полноправно учество во работата и одлуките на ISMF;
- пристап до правилата, стандардите и едукацијата на ISMF за судии, тренери и организатори на трки;
- поврзаност со олимпиското движење: ски-планинарството дебитираше на 19 февруари 2026 година во Бормио, на Игрите Милано – Кортина 2026.
Сто години традиција
Ски-планинарството кај нас е постаод негро овото име. Долго пред да се зборува за SkiMo, планинарите се искачуваа на Шар Планина и Пелистер и се спуштаа со скии.
Малку историја за скијањето на нашите планини:
Шар Планина
1924 година
Првите скии во Тетово ги донел Орестије Крстиќ во 1924/25 година.
1926 година
На 3ти март е забележано првото спуштање со скии од повисок предел – од врвот Љуботен.
1927 година
Откриени се терените на Попова Шапка.
Првите тетовски скијачи пешачеле по пет часа, со скиите на рамо, до терените на Шар Планина.
1934 година
На 11ти ноември е отворен првиот планинарски дом на Попова Шапка, а истата година е одржан првиот скијачки натпревар меѓу тетовски и скопски скијачи.
Пелистер
1933година
Во Битола, Панде Димитровски уште во 1933 година сам си изработил скии.
1935 година
На 31 декември 1935 година е основано планинарското друштво „Пелагонија“.
1937 година
Друштвоти почнало да гради дом на Копанки.
членови на ПД „Пелагонија“, изградбата на домот на Копанки и скијачите од 1940–41.
1938 година
Ја формирале првата скијачка секција.
1940 година
Во почетокот на март 1940 година „Пелагонија“ организирала невообичаен натпревар. Осуммина членови тргнале пред изгрејсонце од Штампаревац и на скии минале преку врвот Пелистер, покрај Малото и Големото Езеро и по гребенот на Баба преку Муза и Неолица, до Битола. Околу 48 километри изминале за седумнаесет и пол часа, и во Битола стигнале во 21:00 часот.
Меѓу учесниците биле Борис Алтипармак, Димитар и Спирко Спирковски, Петар Бојаџиевски, Васил Дамјановскии Вангел Василевски.
1941 година
На 2 март следувала трка од 38 километри, со старт од домот на Копанки. Прв бил Петар Бојаџиевски, втор Вангел Василевски, а трет Петар Лазаревски. Тоа било ски-планинарство уште пред да го добие ова име.
Од турно скијање до SkiMo
2025 година
Во рамките на Турно купот на Македонија – Шар Планина 2025, ФПСМ и ПК Кораб од Скопје за прв пат организираат натпревар во дисциплината ʼспринтʼ. Во купот учествуваат 20 натпреварувачи, 15 мажи и 5 жени.
2026 година
На Пелистер се одржува Турно ски купот „Пелистер“.
Во февруари 2026 година, по повод 100-годишнината од првото скијање во Македонија, ПК Љуботен и Комисијата за турно скијање при ФПСМ организираат спуштање од врвот Љуботен.

спринтот од Турно купот – Шарпланина 2025,
Во своето обраќање на Генералното Собрание во Закопане, Претседателот на ФПСМ- Даниело Божиновски изјави:
„Ова е ден за сите генерации планинари кои ги искачуваа Шара и Пелистер на скии – од пионерите од 1926 и 1940 година до денешните натпреварувачи. Полноправното членство во ISMF е признание за нивната работа, но и обврска“.
Сакам јавно да им се заблагодарам на Томица Котевски, претходниот Претседател на Комисијата за турно скијање при ФПСМ, и на Петар Нолев. Нивниот придонес за развојот на овој спорт е огромен, а нивната работа е темелот врз кој денес стоиме. Без нив оваа мисија немаше да успее.
Сега пред нас е нова задача: да создадеме услови младите да тренираат, да се натпреваруваат и да ја претставуваат Македонија на светските трки. Тоа им го должиме и на пионерите и на генерациите што доаѓаат.“
Посебна благодарност до сите кои го развиваа турното скијање и SkiMo во Македонија, како и до ISMF и федерациите-членки за довербата.
Се гледаме на снегот!





