UIAA – Проблеми со очи во тек на експедициите

 

https://www.theuiaa.org/mountaineering/dealing-with-eye-problems-in-expeditions/

 

Губењето на видот во дивината може да има фатални последици. Прво, тоа може да биде знак на предупредување за сериозен системски проблем, и второ пациентот може да изгуби функционална независност и способност на реагирање на објективна опасност.

Прашањата за кои се говори во документот UIAA MedCom paper.20, „Eye Problems in Expeditions“ (достапно на АнглискиЧешкиГерманскиИталијанскиЈапонски and Персиски), се однесува за проблеми со очите во експедиции и најчесто може да се поделат во две категории: проблеми што единствено се јавуваат на експедиции на големи надморски височини и оние кои што можат да се јават секаде и бараат соодветно лекување да се заштити видот кога соодветна офталмолошка нега не е достапна. Целите се, да се овозможи практично познавање за укажување на нега за едноставни проблеми со очите, како и да се препознаат знаци на предупредувања во случај да може да се побара евакуација.

Во склад со сите теми за медицината во дивина, неопходни се подготовки и спречување за избегнување на проблеми со очите во планините. Овој труд е наменет за лекари, заинтересирани немедицински луѓе и водичи на експедиции како практичен водич за лекување и спречување очни проблеми на експедиции.

Една од специфичните теми која ќе ја опфатиме е снежното слепило.

Снежното слепило се јавува при незаштитено изложување на рожницата и конјунктивата на ултравиолетова светлост (UV), поточно (UV-B). Снежното слепило претставува изгореница на очите и може да биде премногу болно. Како и кај изгорениците од сонце, постои временска разлика помеѓу излагањето на UV зрачење и појава на симптоми, така да до моментот кога пациентот ќе свати дека има снежно слепило, штетата е веќе направена. Симптомите можат да се развијат и во текот на ноќта, откако незаштитени го поминуваме денот на снег.

Снежното слепило почесто се јавува на голема надморска височина, поради тоа што воздухот е поразреден и повеќе UV светлост продира во атмосферата. При искачување, изложувањето на UV се зголемува за 4% на секои 300 метри надморска височина. Покрај тоа, снегот рефлектира 80% од UV светлина, што значително ги зголемува можностите за снежно слепило (WHO 1992). Доволни се само неколку минути на незаштитено излагање за на глечер да се појави ослабување на видот и снежно слепило.

Снежното слепило се карактеризира со црвени, болни и фотофобични (одбивност кон светлината) очи. Кај многу пациенти очите не можат да им се држат отворени. Конјунктивата ќе биде црвена на местото на кое пто била изложена на светлината а рожницата ќе биде обоена со флуоросцентни капки. Лекувањето вклучува локално ладење (ладни облоги), антибиотска маст (Chloralmphenicol – 3 пати дневно), циклоплегични капки за ублажување на болката поради цилијарната спазма. (Cyclopentolate), одмор и избегнување на светлост.

Закрепнувањето најчесто е во рок од 24 сати, меѓутоа треба да се внимава на секундарни инфекции, поради тоа што снежното слепило го чини окото повеќе ранливо. Локалните анестетски капки, го пролонгираат закрепнувањето и го зголемуваат ризикот од инфекции, па треба да се користат само во случај на преглед или итна евакуација од опасна местоположба. Мрсен прелив за очи со двострана подлога, може да помогне во текот на првата ноќ, додека нестероидни противвоспалителни лекови создаваат добри орални аналгетици за лечење на очни болки. Избегнување на снежно слепило се постигнува со користење на очила за сонце кои што ја блокираат UV светлоста, пожелно е со добар квалитет (CE/EN заштитна класа 3 или 4 и 100% UV заштита), како и со заштитни додатоци, или визир.

Треба да се носат на снег, особено на голема надморска височина. Во итни случаи, очила за сонце, можат да се изработат од парче картон со дупки, кои што потоа ќе се врзат околу главата. Носачите исто така се подложни на снежно слепило, така што не заборавајте и нив да им дадете очила за сонце. Авторите ги подржуваат иницијативите на носачките социјални организации кои ги охрабруваат водачите на експедициите да им обезбедат очила за сонце на носачите.

Share This: