Бел Камен Радовиш меморијален марш

ПОКАНА од П.К Бел Камен

Почитувани планинари !

П.К Бел Камен оваа година по 10-ти јубилеен пат го организира меморијалниот марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2016” во спомен секавање на нашиот планинар и другар Спасов Костаке. По тој повод Ве покануваме и Вас да земете учество на овој меморијален марш кој ке се одржи на 20 и 21 август 2016 год (сабота и недела).

Маршот ќе се одржи на 21.08.2016 по следната програма: Тргнување од пред планинарски дом Џумаја во 8.30 ч. до врв Шилест Чукар пристигнување во 10.30 ч. одмор и разгледување на околината 30 мин. и враќање околу 13.00 ч. По пристигнувањето на сите учесници и гости ќе им се послужи ручек. Заминување од П.Д. Џумаја во 17 ч.

За оние планинари кои сакат да дојдат на 20.08.16 (сабота) сместување ќе има во П.Д Џумаја, кое ќе биде бесплатно. За непречено организирање на маршот во однос на сместувањето и учеството на маршот, Ве молиме задолжително да го пријавите вашето учество најкасно до 18.08.2016 год. За секој учесник на маршот следи поклон маица со логото на маршот. Напомена: сите учесници во маршот да бидат здрави и психофизички подготвени.

Контакт :  Ѓорги Симеонов – 070 302 021,  Цане Николов – 070 302 031,  Ристе Гогов – Ринго – 070 691 640

П.К Бел Камен

 

Recent Posts