Брзинско искачување Долна Лешница – Титов Врв

Почитувани,

ПСД Макпетрол и здружението ТРЕКС ќе организира во недела – 21 септември 2014 (недела) натпревар во брзинско искачување на 1000 m висинска разлика – Vertical Kilometer и тоа од кај бачилото на Долна Лешница преку седлото под Среден камен до Титов Врв.

 

Ве покануваме да се приклучите со свои натпреварувачи, а секако ќе бидат добредојдени оние кои ќе сакаат да помогнат и околу организацијата на трката.

 

И оваа сезона продолжуваме со натпреварите од SkyRunning – Vertical Kilometer серијата. Како што ветивме минатата година, еве ќе се потрудиме да организираме за прв пат кај нас трка на атрактивниот терен во Централна Шар Планина – од Долна Лешница преку седлото под СреденКамен до Титов Врв.

Патека со должина од 3900 m и висинска разлика од 1000 m. Вистински тест за силата и брзината дополнет со поглед на прекасните врвови од централна Шара – како што велат и другите тркачи, ако се мачиме, барем да гледаме убави работи околу нас – тоа ни дава повеќе сила.

Зборно место ќе биде близу бачилото на Долна Лешница. Старт на 21 септември (недела) во 10 часот. Стартнина 50 ден. Секој натпреварувач ќе добие стартен број. Ќе се обидеме да транспортираме вода до врвот (целта) но не ветуваме ништо – најдобро да си носи секо со себа – точна информација ќе имате на денот на натпреварот.

Препорачуваме натпреварувачите да пристигнат во Долна Лешница во сабота попладне и да си преспијат во шатори. Кој не мисли така нека се организира да стигне до стартот (барем 15 мин порано).

Може да се стигне преку Бозовце (8 км) или преку Попова Шапка – 11 или 16 km – зависи од каде ќе се појде. Има шанси и да се организира превоз со комбе од Шапка но за тоа поточна информација ќе има подоцна.

Пријавување на : punk@makpetrol.com.mk

Пратете Име, Презиме, телефон.

Патеката е стрмна но е прекрасен предизвик за секој љубител на планината. Во првиот дел е патека, земја со камчиња и трева. Од седлото под Среден Камен поминува во карпест дел во кој во поголемиот дел има патека.

Повеќе информации ќе има на Facebook – слободно можете да прашувате прашања по mail и да се договараме за сите потребни работи.

Во случај на лоши временски услови – силен дожд и особено најава за грмотевици – трката ќе се откаже поради безбедност на натпреварувачите.

Dolna Lesnica TV

Recent Posts