Жална вест

Информација: Македонскиот планинар Георги Петков – почина во обид да биде шестиот Македонец кој го искачил врвот на светот

 

Почитувани,

Со огромна тага ја примивме веста,  дека нашиот другар, пријател и огромен љубител на планината и природата Др. Георги Петков – член на ПД Кожув од Гевгелија починал во обидот да биде шестиот Македонец кој го искачил највисокиот врв на светот Монт Еверест! Според првичните сознанија 63 годишниот Петков, починал од срцев удар.

Доктор Петков  тргнал на 24 март оваа година, а според планот требало до крајот на овој месец  да се искачи на врвот кој е предизвик на искусните планинари. За жал, денес тој му се предаде на предизвикот. Во неговата експедиција предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција Тим Мосејдеј ја потврдиле трагичната вест.

За жал, ова е четвртиот несреќен случај за оваа сезона. Околу 400 алпинисти за сега, успеаја да се искачат на Монт Еверест за оваа пролетна сезона, која започнува во април а завршува во мај.

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, неговиот матичен планинарски клуб и воопшто сите љубители на планината, природата и спортот останаа без еден голем другар, пријател и спортист, кој беше составен дел од нашата вечна љубов кон планината.

Искачувањето на Врвот на светот на Др. Георги Петков, кој за жал заврши прерано, не беше во официјална организација на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија

 

Нека почива во мир,

ФПСМ