Традиционално искачување на Козјак – Прилеп

Почитувани планинари, љубители на планината.
ПСЗ „Козјак“ – Прилеп, на ден 03.06.2018 го организира 22-рото традиционално искачување „Козјак ’97“ на врвот Козјак 1747 мнв , на Бабуна планина.
Традиционалното искачување оваа година ќе се одвива по следната патека: <Прилеп > ман. св. Ѓорѓија – Борула – Белото – врв Козјак – чешма Студенец – с. Плетвар каде што ќе биде обезбеден ручек за секој.

 

ПРОГРАМА

 

-Недела 03.06.2018 –
06:30 – 07:00 – Собирање на учесниците на плоштад Александрија (пред Реклами) ,собирање на листите на учесници, разговор со водичите на организираните групи и останатите учесници, и сместување во автобус.
07:00 – Тргнување од плоштад Александрија (пред Реклами).
07:30 – Пристигнување на групата пред ман. св Ѓорѓија.
08:00 – Старт од пред ман. Св. Ѓорѓија (с. Присад).
10:30 – Пристигнување на групата на превој Белото.
12:30 – Пристигнување на групата на врв Козјак.
14:30 – Пристигнување на групата на чешма Студенец.
15:00 – Пристигнување во с. Плетвар, каде организаторот има обезбедено ручек, затворање на маршот, доделување на благодарници за учество.
17:00 – Тргнување од с. Плетвар кон Прилеп.

Цената на превозот од Прилеп до ман св. Ѓорѓија и од с. Плетвар до Прилеп е 100 денари.

 

Потребна опрема :
– добро разгазени планинарски чизми, јакна (на врвот има секогаш студен ветар), облека во зависност од временските услови.

 

ПСЗ Козјак обезбедува ручек за сите планинари во с. Плетвар по завршувањето на маршот.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО ОВАА АКЦИЈА НАЈДОЦНА ДО 01.06.2018, ЗА ОРГАНИЗАЦИСКИ ПОТРЕБИ.

ВО ПРИЛОГ Е ДОСТАВЕНА ЛИСТАТА.
https://ufile.io/y9s9v

 

НAПОМЕНА :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот, во спротивно сам е одговорен за последиците. Доколку учесниците не ги почитуваат правилата и препораките, водичите имаат право да исклучат член пред стартот на акцијата.Организаторот го задржува правото на промена во зависност од временските услови и останатите препреки кои може да ја нарушат безбедноста на учесниците на маршот за време на акцијата.

 

Подетални информации и пријавување на :
тел. број

075/ 535-911 – Методија
prilep.psd.kozjak@gmail.com

​ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

Facebook event:
https://www.facebook.com/events/205852426692620/​

​Facebook page:
https://www.facebook.com/pszkozjakprilep

ПРИЈАВА: Пријава Козјак

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search