Зимската експедиција на планината Арарат 5137м

И З В Е Ш Т А Ј

за учество во зимската експедиција на планината Арарат  5137м

во рамки на Балканската Планинарска Унија

 До Федерација на планинарски спортови на Македонија:

Во периодот од 04 – 10.02.2015 година 5 мина планинари од Македонија зедовме учество како дел од тимот на  Балканската Планинарска Унија во зимското искачување на планината Арарат 5137м, во организација на Турската Планинарска Федерација.

Во експедицијата учество земаа планинари од 4 балкански земји Македонија (5), Албанија (5), Црна Гора (1) и Косово (1) и 27 планинари од Турција, или вкупно 39 учесници. Од Македонија учествуваа Маја Бошкоска – ПК Кораб, Васил Трендафилов и Горан Срезовски  – ПСК Бистра, Саша Грбиќ  – ПК Д.И.Мурато и Ѓеорѓи Петков – ПК Кожуф.

Искачувањето беше предвидено да се направи од северната страна на планината и од тие причини собирно место беше градот Игдир. Домаќините не пречекаа на аеродромот Игдир и ни организираа сместување во универзитетскиот хотел на градот. Истото попладне се одржа состанок за запознавање со техничките детали на искачувањето, а вечерта се приреди приемна вечера од страна на градоначалникот на градот Игдир.

Во раните утрински часови сите учесници планинари бевме превезени до воената караула на турската армија која се наоѓа на границата со Ерменија на месноста Корхан плато – 1900м. Од тука се формираше колона и под водство на водичи од страна на ТПФ се оствари искачување до 2950м во убаво време. Во текот на целото качувањето можевме да ја гледаме насоката која води до 4200м каде што требаше да се постави кампот 3. Кога пристигнавме на 2950м го поставивме кампот 1 и се подготвивме за наредниот ден. За жал во текот на ноќта дојде до рапидно влошување на времето (многу силен ветар и густа магла со повремени снежни врнежи), кое продолжи и во следните 4 дена, поради што петтиот ден експедицијата беше прекината.

 

Поднесувач

Маја Бошкоска

 

Recent Posts