ИЗВЕШТАЈ – Планинарење по лесни патеки во зимски услови / Категорија Б1

ИЗВЕШТАЈ ЗА ОБУКА НА ПЛАНИНАРСКИ ВОДАЧИ
Планинарење по лесни патеки во зимски услови – Категорија Б1

Организатор: Комисија за планинарски водичи и Центар за стручно оспособување при ФПСМ.
Координатори на обуката: Горан Николоски и Николчо Петров
Датум на одржување: 28.02. – 03.03.2019.2019
Место на одржување: Конак, Попова Шапка, Шар Планина
Учесници: 8 кандидати од 4 планинарски друштва регистрирани во ФПСМ.

Избор на кандидати за обуката за планинарски водичи
Во декември 2018 година, Федерацијата за планинарски спортови во Македонија (ФПСМ) ги најави обуките за 2019 година (Зимска, Летна, обнова). До почетокот на обуката пристигнаа пријави од 8 планинарски водичи при ФПСМ регистрирани за Категорија А1 (Планинарење по лесни патеки во летни услови). На обуката која започна на 28 февруари (четврток), 2019 година, беа присутни следните 8 кандидати:
Учесници / Клуб
1.Наташа Бошковска, ПСД Димитар Илиевски Мурато, Битола
2.Јулиана Стојановска, ПСД Макпетрол, Скопје
3.Тошо Антов, ПСК Осогово, Кочани
4.Владимир Трпковски, ПД Јелак, Тетово
5.Александар Стојановски, ПД Јелак, Тетово
6.Христифор Саракинов, ПСД Макпетрол, Скопје
7.Јовица Апостоловски, ПСД Макпетрол, Скопје
8.Дарко Трајковски, ПСД Макпетрол, Скопје

На обуката како експерт за технички стандарди при УИАА, во рамките на акредитацијата на едукативниот систем за обуки за планинарски водичи за Планинарење во зимски и летни услови, присуствуваше и Матјаж Шеркези од Словенија. Во текот на обуката тој ги сподели своите искуства како планинарски водич и новини во планинарењето како експерт од УИАА. На обуката присуствува и Орце Димитриевски и Сашо Манојловски, планинари кои на 15 декември 2018 година, при искачување на Љуботен, беа зафатени од повеќе лавини. Орце и Сашо ни ги пренесоа нивните искуства од настанот.

ПРОГРАМА за обука на планинарски водичи при ФПСМ – Категорија Б1 (планинарење во зимски услови)

Во програмата за обуката на планинарските водичи беа вклучени повеќе теми, сите со теоретски и практичен дел: движење и техника на водење, лична и техничка опрема, изработка на бивак, ориентација, опасности во планина и спасување пребарување на покриени со лавина со лавински примопредавател.
Програмата содржеше 28 работни часови, од кои 22 часа пракса. Практичната работа опфати: движење по различен терен, употреба на технички средства (дерези, цепин, јажиња, карабинери, помошни јажиња, гуртни, изработка на сидришта, изработка на зимско засолниште, изработка на огради од јаже, ориентација со компас и мапи, како и со ГПС уреди). Најголем дел од учесниците на обуката ја имаа потребната техничка опрема, побарана од нив во Поканата за учество на обуката. Кандидатите кои ја немаа потребна опрема, користеа опрема од ПСД Макпетрол, ПК Македон и ПД Кораб.
Теми обработени на обуката и предавачи:
Движење и техника на водење – Петар Герасимов
Лична и техничка опрема – Николчо Петров
Практична работа во групи (цепин и падови со цепин и дерези, сидришта, снежен профил, работа со лавинска опрема) – Горан Николоски, Николчо Петров, Љупчо Дебарлиев, Стојан Хаџијевтимов, Томица Котевски, Петар Герасимов
Изработка на бивак – Стојан Хаџијевтимов
Ориентација: компас и мапи – Томица Котевски
Ориентација: ГПС уред – Петар Герасимов
Опасности во планина и спасување – Љупчо Дебарлиев
Испитна тура – Горан Николоски, Николчо Петров, Љупчо Дебарлиев, Стојан Хаџијевтимов, Томица Котевски, Петар Герасимов

КПВ
03.03.2019

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search