КИЛИМАНЏАРО 2016

ИСКАЧУВАЊЕ НА КИЛИМАНЏАРО 2016
ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА БАЛКАНСКАТА ПЛАНИНАРСКА УНИЈА
На 20 јануари 16 планинари членови на Балканската планинарска унија (9 од Македонија, 1 од Албанија, 1 од Србија и 1 од Словенија/Австрија) и покрај неповолните временски услови успешно се искачија на највисокиот врв во Африка, Танзанија, на планината Килиманџаро,Ухуру пик (5895м).во. Вoдич на експедицијата беше искусниот планинар од Македонија Живко Темелковски на кого ова му е трето искачување на овој врв.
Ова е четврта планинарска акција на Балканската планинарска унија (БМУ) во која членуваат 10 балкански држави (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Словенија, Србија, Турција, Црна Гора, Хрватска). Формирањето на БМУ беше иницирано во 2003 година, а во 2011 Унијата беше официјално регистрирана со седиште во Македонија, а за прв претседател беше избран Проф. Др. Јовица Угриновски.
Реализирани акции на БМУ:
Пик Ленин (7135м), 2011, на граница меѓу Таџикистан и Киргистан
Казбек (5050м), Грузија
Дамаванд (5671), Иран
Елбрус (5642м), Русија

Арарат (5137м), Турција
Kdj 16 3IMG_4593

Recent Posts