ПОВИК за Календарот на активности на ФПСМ за 2016 година

Почитувани пријатели,

Како и секоја година, Ве потсетуваме да доставите информации за дефинирање на ,,Календарот на активности на ФПСМ за 2016 година,,.
За таа цел, на Вашите планирани клубски активности, да се достават датумите за:
– планинарски државни акции (активности на кои ќе бидат поканети сите планинарски клубови од ФПСМ);
– балкански планинарски акции (активност во ваша организација и со учество на гости од балканските планинарски Федерации);
– меѓународни планинарски акции (активност во ваша организација и со учество на гости од други земји на УИАА и балканските планинарски Федерации);
– активности од интерес на развојот на планинарскиот спорт
НАПОМЕНА: Доколку имате намера да доставите БАРАЊЕ за подршка на Вашите активности од страна на ФПСМ, да го направите истото заедно во прилог со доставените термини за акциите. Во спротивно, барањата доставени во текот на годината, нема да бидат разгледувани од страна на Претседателството на ФПСМ. ФПСМ во рамките на своите можности, ќе излези во пресрет на Вашите Барања.
За таа цел, Ве молиме најдоцна до 20 ноември 2015 година, ги доставите Вашите информации за планинарските акции, со цел да бидат разгледани и од Комисијата за високогорство и експедиционизам, а одобрени за поддршка од Претседателството на ФПСМ.
Доставените информации ќе бидат објавени и доставени до Агенција за млади и спорт и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Recent Posts