ПОДОБРО Е ДА ПЛАНИНАРАМ – МЕДЕНИЦА 2019

Промоција на патека – МЕДЕНИЦА и почеток на настани „ПОДОБРО Е ДА ПЛАНИНАРАМ – МЕДЕНИЦА 2019“

08:30 – 09:00 Собирање на учесниците, запознавање со патеката и напатствија од страна на водичите. Собирно место Фрчец – на патот за с. Галичник.

11.00 -11.30 Предвидено време за пристигнување на врвот Меденица

11.30 -12.00 Одмор

12.00- 13.30 Поаѓање кон с. Галичник

13.30 – 14.30 Завршување на турата

Дополнителна содржина 09:30- 10.30 Отворена планинарска школа за помладите учесници ( а и за сите што нема да се движат до врвот Меденица) на стадионот пред с. Галичник.

Учесниците, гости на планинарската тура треба да имаат соодветна планинарска опрема за планинарење во летни услови.

– Трисезонски високи планинарски чевли
– Слоевита облека
– Заштита за глава (капче, марама)
– Крема со заштитен фактор од UV зрачење
– Вода 1-2 л.

Настанот „ПОДОБРО Е ДА ПЛАНИНАРАМ – МЕДЕНИЦА 2019“ е организиран како промоција на Виа Динарика патеката, како една од можностите за развој на планинскиот туризам и едукација на млади планинари, а e подржано од страна на USAID преку CEP (Civic Engagement Program).

Планинарската промоција на патеката од страна на Комисијата за планинарски патеки – ФПСМ, во склоп на настанот „ПОДОБРО Е ДА ПЛАНИНАРАМ – МЕДЕНИЦА 2019“ ќе се одржи на 22 јуни 2019 год. Програма следи…