ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ТЕТОВО ВО ВРСКА СО ПРЕДМЕТОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА КУЛАТА НА ТИТОВ ВРВ

На 25 Февруари оваа година по претходно доставено барање за прием кај градоначалникот на Општина Тетово, Г-динот Билал Касами, од страна на секретарот на ПСК “Аргентус Моунт“ од Тетово, Г-динот Зија Јонузовски, беше остварен прием кај градоначалникот Касами. Причина за приемот беше легализацијата на Кулата на Титов врв.

Барањето за прием и причината за средба со градоначалникот беше доставеното барање за утврдување на правен статус/легализација на Кулата на Титов врв уште од 2018 година и во врска со тоа финализираниот предмет за донесување на решение за легализација, меѓутоа и покрај тоа што предметот подолго време се наоѓаше на потпис кај градоначалничката Теута Арифи која и покрај повеќе барања од ФПСМ за прием не бевме удостоени со истиот.

На овај прием поради обврски на претседателот Угриновски во истиот тој ден и во исто време во МОК поради престојните генерални собранија на УИАА, ЕУМА и БМУ кон крајот на април и почетокот на мај месец во Скопје, на овој прием бевме јас и Зија Јонузовски.

Приемот беше во рамките на средба на градоначалникот со граѓаните на Тетово за нивни локални комунални проблеми но независно од тоа за кратко време од почетокот на средбата бевме примени.

На овој состанок на градоначалникот прво му беа пренесени поздрави од претседателот Угриновски за потоа лично да биде запознаен со состојбата на Кулата на Титов врв, каква била и каква е сега благодарение на ентузијазмот на членовите на ПСК “Аргентус Моунт “ од Тетово.

Градоначалникот на крајот беше запознат дека целата постапка околу легализацијата е завршена и дека предметот подолго време се наоѓаше кај неговата претходничка и дека бараме што е можно побрго да биде завршена целата постапка и биде донесено долго очекуваното решение за легализација. Од страна на градоначалникот кој самиот кажа дека и тој планинари и повеќе патти бил на Титов врв, беше ветено дека ќе го побараат предметот и ќе го разгледаат.

Изготвил

Живко Темелкоски

Share This: