ТРАНСФЕРЗАЛА ИЛИНДЕН – 2017

ПЛАНИНАРСКА ТРАНСФЕРЗАЛА НИЗ ЦЕНТРАЛНА МАКЕДОНИЈА
“ИЛИНДЕН – 2017”
СКОПЈЕ-КРУШЕВО-ОХРИД – 31ви пат
114 ГОДИНИ ОД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Акцијата се организира по повод 2-ри август, национален празник на македонскиот народ. Ќе се изведе од 28.07.2017 до 05.08.2017 година а ќе земат учество повеќе планинарски друштва од градот и Републиката и поканети гости –планинари од странство.
Маршрутата поминува по трагите на Илиденците низ централна Македонија, а на учесниците , покрај напорниот пат им се нуди и голема можност за одржување и јакнење на волјата, челичење на организмот, другарување и запознавање на убавините на Македонија.
Патот од Скопје до Преслап Принце се поминува со превозно средство. Со поаѓање од Преслап, планинаа Китка се остава во позадина а се оди кон планината Јакупица и кон нејзиниот врв Солунслка Глава. Понатаму патот продолжува преку Плавник, Даутица, Мочур, Бушава Планина и планинскиот масив на Плаќенска и Илинска Планина.
Маршрутата е долга околу 200 км., а се пешачи просечнио 10-12 часа. Сите учесници, кои на 28.07.2017 г. ќе стинат на означеното собирно место, ќе бидат превезени со автобус до местото Преслап 1000 м.н.в.Право на учество во акцијата имаат поканети друштва , искусни планинари, здрави и кондиционо подготвени со задолжителен лекарски преглед, што значи учество на сопствена одговорност – проверка 3 акции ( маратонот на Бистра, Титов Врв и Пелистер).

1. – Сите учесници уплаќаат по 3000.00 денари за превоз, престој и ноќевање.
Превоз до Преслап- Принце – два пансиона во Шула Мина, 1 пансион во
Младост, Партизан во Охрид и превоз до Скопје.
2. – Ако организаторот успее да обезбеди донации од спонзори, парите ќе бидат
вратени на учесниците;
– У слови: планинарски патеки, печурки, боровинки, сливи и
друго.

Патот минува низ богата природна убавина, незаборавни видици, реки, поточиња и културно-историски споменици со стара македонска архитектура.
Храна и се што му е потребно на еден планинар за долг пат секој си носи со себе. Можности за снабдување постојат во с. Крапа, с.Дебреште, Крушево, с. Доленци и Охрид.
Од опрема: добро разгазени чевли, патики, вреќи за спиење, најлон пелерина, како и лесна облека за промена, прва помош- средство против алергии и др.
Организаторот по пат обезбедува вода за пиење, за миење и бањање од поток, кладенец …..
Учесниците треба да ги почитуваат наредбите на водичите и да бидат внимателни и претпазливи, добро опремени за долг и напорен пат, на време и невреме и други лични потреби. Ако сте алергични на нешто носете си заштитни средства.
Пријави за маратонот се примаат најдоцна до 15.07.2017 година, со име и презиме, година на раѓање, број на лична карта, од кое друштво доаѓа, контакт телефон итн. Колку побрзо се пријавите толку подобро, за да може да се обезбеди превоз до Преслап, ако постои можност и опрема до Дуње-Чепчес.
114 ГОДИНИ ИЛИНДЕН
П Р О Г Р А М А
ЗА ДВИЖЕЊЕ НА МАРАТОНОТ “ИЛИНДЕН” 1903-2017
СКОПЈЕ – КРУШЕВО – ОХРИД

1 ден 28.07.2017 год.
Петок
– Пристигнување на гости – планинари од странство
– Посета на кањонот Матка и манастирскиот комплекс.
– Положување цвеќе на саркофагот на Гоце Делчев во црквата
Св. Спас во 12 часот.
– Ноќевање на Водно (Кадина Река или планинарски дом Кара-
џица (зависно од превозното средство – 15ч ).

2 ден 29.07.2017 год.
Сабота
– Во 05 часот тргнување со возило кон Китка – Преслап, оттаму до
планинарскиот дом Караџица – Дуње, Бегово, Солунска Глава и
Карабина, спуштање во планинарски дом Чеплес – ноќевање.

3 ден 30.07.2017 год.
Недела
– Во 05.00 часот тргнување кон Миланово бачило, Мочур по сртот во
правец кон с. Крапа и ноќевање во манастир св.Богородица.

4 ден 31.07.2017 год.
Понеделник
– Тргнување во 05.00 часот кон с. Дебрешта, Борино, с.Селце каде
ќе ноќеваме.

5 ден 01.08.2017 год.
Вторник
– Тргнување од c. Селце во 14.00 часот во правец на Крушево –
одморалиште – Шула Мина, во 12.00 часот. Се сместуваме. Во
18.00 часот учество во поворката за положување на цвеќе на
“ИЛИНДЕНЦИТЕ”.

6 ден 02.08.2017 год.
Среда
– Во 07.00 часот поаѓање кон градот и земање учество на народниот
собир. Традиционално дарување крв на Мечкин Камен. Попладне
посета на спомениците во Крушево и црквата на Тоше Проески
Св. Преображение.

7 ден 03.08.2017 год.
Четврток
– Во 04.00 часот поаѓање во правец на с. Кочишта, с. Радово,
с. Доленци и продолжување кон с. Бабино, с. Базерник каде ќе се
ноќева и другарува со мештаните.

8 ден 04.08.2017 год.
Петок
– Во 04.00 часот кон Илинска-Плаќенска Планина. Ручек на извор. Понатаму кон Плаќе, Речица, Прентов мост – правец за Охрид, кон рекреативниот центар Партизан.
Ноќевање во Партизан. Можност за заминување.

9 ден 05.08.2017 год.
Сабота
– Посета на Самоиловата тврдина, Плаошник, амфитеатарот и градот Охрид.
– Можност за искачување на врвот Галичица Магаро.
– Завршени се сите активности, се враќаме дома, останување во Охрид во сопствена режија.

Информации:
Благој Петрушевски – водич
моб: 075/741 224
фикс.02/2791 578

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search