Честитки за успесите во месец август

Почитувани (во планинарските друштва/клубови),

Во текот на август 2017 година планинари од Република Македонија се искачија на: Дамаванд (5.609 м.), Mont Blanc (4.810 м.), Materhorn (4.478 м.), Vincent Piramide (4215 м.), Breithorn (4.165 м.), Pollux (4.086 м.), Grossglockner (3.798 м.), Punta Penia (3.342 м.), Триглав (2.864 м.) и на други балкански и македонски планини.

Планинарските тркачи се искачија на Mont Blanc (4.810 м.) за 6:26 часа и на Ortler (3.905 м.) за 3:11 часа; на трите највисоки балкански врвови (Мусала, Вихрен и Митикас), прво за помалку од 20 часа, а потоа и за помалку од 18 часа; учествуваа на Matterhorn Ultraks трката, во Орехово и на многу други трки.

Велосипедисти извозеа трансконтинентална трка низ Европа, по должината на Јадранското море, MTB низ Пљачковица, низ Македонија и Балканот, итн.

Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ им ги честита успесите на сите планинарски водичи и организатори на тие акции.

Комисијата за планинарски водичи ги поттикнува сите да ги споделуваат своите групни и лични успеси на интернет страната или на FB профилот на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).
Охрабрете ги новите генерации планинари, планинарски тркачи, велосипедисти да се вклучат во тие активности, обрнувајќи при тоа големо внимание на безбедноста.

Recent Posts