100 години на ознаката на Кнафелц

На 4 март 1922 година, на иницијатива на Алојз Кнафелц, Словенечкото планинарско друштво (денешен Планинарски сојуз на Словенија) усвоило воедначено означување на планинарските патеки; бела точка опкружена со црвен круг и патокази со бели букви на црвена подлога.

Ознаката на Кнафелц не е изменета од нејзиното воведување, а патоказите се менувале со текот на времето.

Денес обликот и големината на ознаката на Кнафелц и на патоказите се пропишани во Правилникот за обележување на патеките на ФПСМ.

Ознаката на Кнафелц и патоказите со бели букви на црвена подлога се среќаваат по планинарските патеки во државите на поранешна Југославија.

Share This:

Posted in Најава, Новости.