Наградата за заштита на планините за 2022 година

УИАА, Меѓународната федерација за качување карпи и планинарење, го отвори процесот за поднесување предлози за Наградата за заштита на планините за 2022 година (UIAA Mountain Protection Award 2022).

Обединетите Нации ја прогласија 2022 година за Меѓународна година на одржлив развој на планините, при што владите и организациите се поканети да ја промовираат важноста за зачувување и одржливо користење на планинскиот екосистем.

Повеќе детали за процесот на апликација и за досегашните наградени проекти, прочитајте на линкот: https://theuiaa.org/uiaa/2022-uiaa-mountain-protection-award-launched/  

Share This: