НОВИ МЕРКИ ЗА ПЛАНИНАРСКИ АКЦИИ

Почитувани планинарски водичи и сите љубители на планините,
Имајќи го во предвид соопштението на Владата на РСМ од 09.11.2020 година, за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот КОВИД-19, Комисијата за планинарски водичи (КПВ) при ФПСМ, препорачува почитување на забраната за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица.
• Планинарските акции во наредниот период да бидат изведени во групи не поголеми од четворица со почитување на меѓусебното растојание од 1,5 до 2 м.
• Ако групите бидат поголеми од четворица, наредните групи од по четворица да тргнат 5 минути после првата група.
• Да се направи прецизен распоред на движење и одмор на групите од по четворица, ако има повеќемина пријавени.
• Ако пред почеток на планинарските активности учесниците имаат температура, кашлица, отежнато дишење, задолжително да останат дома.
• Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекциско средство за раце на база на алкохол);
• Да се користат маски за лице кога нема интензивна физичка активност.
• Да се користи само своја опрема, храна и вода.
• За транспорт до / од местото на планинарската активности да се почитуваат протоколите од државните институции.
Ќе ве замолиме да ги почитувате и останатите препораки за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот КОВИД-19.
Во време на пандемија, планините се место за опуштање и освежување од секојдневните активности.
И таму да внимаваме на нашето здравје и на здравјето на останатите.