Балкан без граници по 23-ти пат

ПК Ентузијаст по 23-ти пат, на 26 и 27.08.2023 година, ја организираше традиционалната меѓународна планинарска средба Балкан без граници.

На средбата учествуваа 70 планинари од Скопје, Валандово, Дојран, Николич и 30 планинари од Петрич, Република Бугарија.

Средбата се одржа на врвот Тумба 1881 мнв. и сите присутни беа поздравени од претставниците на ПК Ентузијаст и ТД Калабак , а посебна гордост беше искачувањето на врвот од страна на Кирил Гугушев од Петрич, 94 годишен планинар, член на ТД Калабак од Петрич и ПК Ентузијаст од Струмица, по чија иницијатива пред 23 години се почна со реализацијата на овој настан.

Share This: